Новости

Мода и убавина

Нашиот избор на најубави тоалети на Британските модни награди за 2017

Парадирајќи во екстравагантни, луксузни и едноставно блескави стајлинзи и тоалети, ѕвездите од модната индустрија зрачеа над црвениот тепих во салата „Ројал Алберт Хол“по повод одбележувањето на Британските модни награди за 2017 година.

Модел на годината беше прогласен Аџоа Абоа, а Донатела Версаче ја доби наградата за Модна икона.

Но, дефинитивно сите погледи беа свртени кон сексабилната Рита Ора. Носејќи златен тесен фустан кој сензуално ги истакна нејзините облини, Рита дефинитивно успеа да го привлече вниманието на светот. Особено со оваа фотографија.

Ева Хицигова, Хејли Болдвин и Амбер Валета од друга страна се одлучија да привлечат внимание истакнувајќи ги нивните нозе.

Дамите во бело зрачеа со ивнта самодоверба и наспроти стереотипот дека белата боја е нежна и ја носат само нежнитеи кревки дами, овие модни икони изненадија со самодоверба и моќ. Станува збор за Ирина Шајк, Вини Харлоу, Селена Гомез, Пикси Лот и Моли Кинг. Кобинации и фустани кои според нас беа најуспешни.

Најубави дами кои блеснаа во сребрени фустани, би ги издвоиле Изабел Голарт и Талија Сторм. А оние дами пак кои сепак се решија за најсигурната боја, црвнета беа  Аризона Мјуз и Карли Клос кои заблескаа во долги тоалети и привлекоа доста внимание од страна на папараците. Во портокалв фустан, беше неодоливата Џордан Дан, кој се покажа дека и не е така лоша боја која константно се одбегнува.

 

 

 

Evrotip
Евротип
To Top