Новости

Мода и убавина

Петте бои на облека кои го откриваат вашето расположение повеќе од што можете да замислете!

Ако сакате да изгледате самоуверени, носете црвено
Црвената боја е храбра, страсна и симболизира моќ и енергијата. Кога носите црвено, испраќате порака дека сте самоуверени и сигурни.

Експертите жолта боја ја нарекуваат боја на среќата, оптимизмот, топлината и надежта. Тие ја препорачуваат оваа боја и инсистраат на неа во моменти кога сакате да се чувствувате подобро и посреќно.

Ако сакате да изгледате богати, носете смарагдно зелена боја.
Општо, зелената боја е асоцијација на природата. Таа смирува и релаксира. Но, ако изберете облека во поизразена нијанса, како што е смарагдно зелената, ќе испратите порака на богатство и моќ. Т.н. „Street style“ кралици знаат дека нема да направите грешка ако одберете фустан или блејзер во оваа моќна боја, па затоа задолжително ја препорачуваат да биде дел од вашиот секојдневен моден аутфит.

Постои верување дека розовата боја е женска боја која симболизира нежност и романса. Иако ова е делумно точно, експертите велат дека тоа и не е баш така. Таа е отворена боја која симболизира грижливост и подготвеност за љубов.

Ако сакате да се чувствувате смирено, облечете се во сино.
Која е вашата прва асоцијација за сината боја? Повеќето луѓе мислат на море и небо, па затоа не е случајно што нејзината прва асоцијација е смиреност и сигурност. Межу другото, оваа боја се препорачува да се носи на интервју за работа, деловна средба и слично.

Студирајте на БАС
To Top