Новости

Мода и убавина

Пет make-up грешки кои француските дами не би си ги дозволиле

Штом станува збор за make-up изгледот, се чини дека Французинките секогаш се беспрекорни, а штом е тоа така би претпоставиле дека тие трошат часови пред огледало. Но, замислете, станува збор за сосема спротивното.

Ајде да дознаеме кои се петте грешки кои никогаш не би и се случиле на една вистинска француска дама.

1.Трагови од кармин на забите.

Тие обожаваат црвени кармини и нивните усни се исцртани доста прецизно, но никогаш не би си дозвоиле да имаат траг од кармин на нивните заби.

2.Упадлива линија од пудрата помеѓу вратот и лицето

Една вистинска дама од Париз, никогаш не би си ја дозволила оваа „make-up“ утка. Нијансирањето односно добивањето на истиот тен како на лицето, така и на вратот е тешко, но затоа тие наместо тешки и густи пудри, користат полесни и можеби најповеќе време би трошеле на одбирање на најблиската нијанса со нивната кожа.

3.Премногу искубани веѓи

Французинките повеќе се стремат кон задржување на природниот изглед и задржување на токму таа природна слика и не претпочитаат исцртани и вештачки линии над веѓите. Сепак нивните веѓи изгледаат совршено со едноставно секојдневна употреба на специјален чешел.

4.Претерано контурирање

Ова е едно големо НЕ за овие девојки и жени. Тие никогаш не би нанесле толку слоеви пудра над нивното нежно лице и сметаат дека со употреба на толку многу пудри и хајлајтерот, тие го згаснуваат сето она природно што го има една убава жена да го покаже. „Тогаш станува збор за други жени, не за вас. Вие буквално имате маска над вашето лице и играте улога на некоја друга матмазел“

5.Заминување во кревет со шминка

Ова е основно правило за една дама која можете да ја видите без трошка шминка како шета на Шан зе ли зе и сепак е совршена. Тајната е во тоа што тие водат константна нега за нивното лице и никогаш ама буквално никогаш не би си заминале во кревет со шмика.

 

GOLD
SN Finansii
To Top