Новости

Мода и убавина

„Oдете како да зад вас има тројца мажи кои ве следат“ – нема ништо поубаво од жена со голема самодоверба – Оскар де ла Рента

Оскар Аристедс Рента Фиало или поточно Оскар де ла Рента е еден од најпознатите дизајнери во светот и тоа не само по неговите модели туку и по неговите модни инспиративни совети кои изгледа дека ќе траат подолго време. Дури и од ова рапидно кое ние го живееме.

Помеѓу неколкуте модни совети, тој нагласил првично мото кое набрзо се раширило и испочитувало меѓу модните критичари, дизајнери и воопштено сите љубители на овој свет.

„Жената мора да биде вљубена во облеката што ја носи“, рекол Оскар, и со овој цитат прецизно ја сумира неговата мода, дизајн и своевремена инспиративна филозофија.

Помеѓу неколкуте совети кои како што кажавме ќе бидат нагласувани и споменувани уште долго време, жените и ги издвоиле следниве:

1.„Малата женска торба е преполна со тајни.“ – Оскар тврдел дека малата женска торба е најдобриот партнер на жената за ноќните излегувања, состаноци, вечери или свадби.

2.„Црната чипка е најженствениот детал.“ – Неговите најубави фустани се пребогати со чипкести детали како и нагласени длови од истата. Можеби тоа е и еден од неговите најголеми заштитни знакови.

 

3.„Лицето секогаш го дополнува накитот, но нема ништо подобро од висачи обетки.“

4. „Ако секој ден носите различен парфем, јас не ве познавам“ – Оскар тврдел дека жената мора да одбери еден парфем кој ќе го користи секој ден и во секоја прилика.По него таа е препознатлива и единствена.

5.„Задолжително ноете високи потпетици“ – Оскар де ла Рента бил голем застапник на виоките потпетици. Сметал дека жената во нив изгледа сензуално, убаво и освен тоа високите потпетици ја издолжуваат фигурата.

6. „Секогаш одете како да зад вас има тројца мажи кои ве следат“ – нема ништо поубаво од жена со голема самодоверба, а тоа го знаат и дизајнерите.

7. „Нема ништо поубаво од црвениот каранфил!“- баш овој е главниот мотив на познатиот диајнер и можеме да го видиме во многу негови модели. Без разлика дали станува збор за фустани, чанти или накит.

Evrotip
Евротип
To Top