Новости

Мода и убавина

12-то издание на фестивалот на фризура , мода и убавина “HAIR FAIR 2018” во Охрид

На 25 и 26 март  ( недела и понеделник ), во прекрасниот хотел “Aqualina”, сместен на Охридското крајбрежје ќе се одржи дванаесеттиот по ред фестивал на фризура , мода и убавина “HAIR FAIR 2018”.

Организаторот на оваа манифестација , Македонската фризерска асоцијација, се погрижи оваа година да учествуваат престижни фризерски имиња како од Балканските простори, така и пошироко од Европа.

Програмата утврдена за овогодишниот саем на фризурата е следна:
25-ти март ( недела) е натпреварувачки ден каде што учесниците ќе се натпреваруваат во следните дисциплини: Машко потстрижување, Женско потстрижување, Пунџа на долга коса,Невестинска фризура и фризура Фантази.По завршувањето на натпреварувачкиот дел , следуваат шоу перформанси на фризери од фризерските клубови од повеќе Македонски градови.
26-ти март( понеделник ) со свои шоу перформанси ќе се претстават најдобрите фризери – стилисти од Италија, Белгија, Холандија , Турција, Грција, Бугарија, Србија, Албанија и Косово.

За подетални информации на контакт тел.бр.075 208 548 

Пропозиции за натпреварувачите по дисциплини
1.Машко потстрижување
Задача: Натпреварувачите ќе изработуваат потстрижување и фризура користејќи тековни модерни трендови кои сите потрошувачи ги посакуваат секојдневно да ги носат.
Влажност на косата: Косата на моделот пред излегување на бина треба да биде влажна, расчешлана и зачешлана на назад. Дколку натпреварувачот не се придржува на ова правило ќе биде казнет со 3 поени од секој член на жирито.
Должина на косата: Должината на косата на горниот дел од главата мора да биде минимум 7 cm. а на вратот и над ушите најмалку 2 cm.
Потстрижување: Дозволени се сите алати за потстрижување. Вратот и од страната потребно е да се потстрижат степенесто.
Боја на косата: Пожелна е хармонична градација од 2 или повеќе нијанси на бои. Основната боја треба да биде 50% видлива.
Препарати: Дозволени се сите препарати за уцвстување на косата (гелови, спрејови, восоци…). Не е дозволен спреј во боја.
Гардероба: Моделите мораат да бидат облечени во склад со тековната мода. Воени униформи и историски костими не се дозволени.
Казнување: Натпреварувачите кои нема да се придржуваат до овие правила ќе бидат казнети според листата за казнени поени кои ги доделува жири комисијата.
Време на изработка: 25 минути.
Бодови: Максимум 30, минимум 20 бодови.

2.3Женско потстрижување и салонска фризура
Задача: Натпреварувачите треба да потстрижат модерна фризура водејќи сметка што најмногу му стои на моделот и да се изработи модерна, младечка фризура со боја во тренд. Готовата фризура мора да изгледа како дека ќе се најде на насловна страна страна на некое списание.
Почетен изглед на косата: Моделите излегуваат на сцена со наквасена, расчешлана и наназад зачешлана коса.
Потстрижување: Натпреварувачите мораат да потстрижат најмалку 4 cm коса од сите делови на косата.
Време на изработка: 35 минути.
Бодови: Максимум 30, минимум 20 бодови.

3.Невестинска фризура
Задача: Натпреварувачите треба дневната фризура да ја променат во елегантна невестинска фризура.
Почетен изглед на косата: Моделите излегуваат на бина со нормална дневна фризура. Пред почетокот натпреварувачите ја чешлаат косата наназад. Жирито ќе провери дали се почитува ова правило.
Обликување на фризурата: Натпреварувачите косата на моделот можат да ја стилизираат и во фризурата мора да се додаде најмалку еден а најповеќе три додатоци. Додатоците мора да бидат хармонично вклопени во косата на моделот и несмеат да покриваат повече од 40% од површината на главата. Цели перики не се дозволени.
Постапки во текот на работата: Натпреварувачот целиот материјал кој го користи за изработка на овие фризури (додатоци, траки и друго) мора да ги постави одвоено од столот пред огледалото. Додатоците кои ќе се користат во оваа работа на бина може да се донесат на витлери, шноли но несмеат да бидат исчешлани и однапред припремени.
Алат: Дозволени се сите алати за стилизирање на фризурата.
Гардероба и шминка: Мора да бидат облечени во невестински фризури со соодветна шминка.
Време на изработка: 45 минути.
Бодови: Максимум 30, минимум 20 бодови.
4.Пунџа на долга коса
Задача: Натпреварувачите треба да изработат модерна пунџа со апслоутен модерен изглед. Косата не смее да остава изглед на пуштена. Готовата фризура мора да биде посакувана за младите потрошувачи.
Важно: Уметничките фризури ќе бидат казнети.
Почетен изглед на косата: Моделите излегуваат на бина со пуштена но припремена коса. Жирито проверува и ако е потребно ја зачешлува косата на назад.
Додатоци: Дозволени се максимум 3 додатоци од природна коса.Не е дозволено да се користи било каква вештачка коса.
Препарати: Дозволени се сите видови препарати за коса.
Гардероба: Мора да биде пристојна и во тренд. Непристојните презентации ќе бидат казнети. Шминката и деталите мораат да бидат во тренд. Дозовлено е ставање максимум на 3 додатни украси.
Време на изработа: 30 минути.
Бодови: Максимум 30, минимум 20 бодови.
5.Фантази фризура Фризурата се изработува по имагинацијата и фантазијата на самиот фризер.Моделите излегуваат на бина со претходно 80%спремна фризура којашто на бина само се доработува.Нема ограничувања;сите врсти на додатоци и украси се дозволени.
Препарати:Дозволени се сите врсти на препарати Гардероба и Шминка: Мора да биди во склад со фризурата Време за изработка 15мин Бодови: Максимум 30,минимум 20бодови

Evrotip
Евротип
To Top