Новости

Мода и убавина

3 хит фризури идеални за деновите кога косата не е баш супер чиста

Поделба на страна

Поделeната коса настрана е едноставна фризура за која ви треба само малку вештина, добар чешел и малку лак за коса. Фризерот Сам Мек Нит верува дека оваа фризура дава впечаток на луксузна елеганција и совршено се меша со новата колекција Фенди.

Малку од пблиску, анализирајќи ја оваа фризура, можеби би аклучиле дека она што некогаш не се перцепирало како убава модерна фризура, сега е тотално ин. Епа што да кажеме, времината се менуваат.

Брош или впечатливо венче 

Доколку вашата фризура не е баш средена и скоцкана токму онака како што сте милувале, во брзање сте и не ви останало време, едноставно заврзете ја со шноли кои би биле во иста боја со бојата на вашата коса за да не се гледаат. Наспроти нив, единствено што може да е упадливо и да се гледа, би бил некој впечатлив брош или некои рачно аплицирани композиции од монистри и слични камења кои не е морално да бидат скапоцени, за да би го добиле ефектот на драматично. Со ова, вниманието комплетно би го свртиле кон нив, а вие ќе завршите со разочарувањето кое претходно сте го чувствувале поради недоволното време што сте го немале за вашата фризура. Штосно и брзо решение нели?

Едноставна или опуштена плетенка

Плетенка е одличен избор за полу-долга, а и за долга коса. Џил Сандер сугерира две цврсти плетенки кои би се испреплетиле во спротивни насоки.

 

GOLD
GoldSlot
To Top