Новости

Мода и убавина

5 фустани кои треба да ги има секоја жена!

Црн фустан за во секоја пригода

Овој фустан е задолжителен во плакарот на секоја жена. Со детеали од асесоари како накитот или некоја шамија окоу вратот, тој би се вклопил во секоја сезона и секоја прилика, па не за долго би ви станал ваш најдобар пријател.

Долга кошула

Заврзете ја со колан и искомбинирајте ја со сандалки со високи потпетици или хеланки и чизми штом заладува. Едноставна и секогаш штосна варијанта со која не би погрешиле.

Деловен фустан

Материјалот може да ве топли за во зимските денови, а сепак да изгледате совршено и „скоцкано“, деловно, средено и моќно.

Фустан кој би одговарал на секоја свеченост или свадба

Можеби кај нас е до некаде непријтно да се носи отворена боја на свадба, но во сите останати земји, тоа го практикуваат одамна. Свадбите се за светли бои, отворени, розови, разиграни или шарени.

Свечен долг фустан

Доколку сте поканети на некоја свечена манифестација, секогаш имајте го резевниот долг фустан или вечерна тоалета која ве прави совршена, а со присуство на добро избран накит, како огрлица на пример, вие ќе бидете центарот на вниманието.

 

 

 

СН Финансии
To Top