Новости

Мода и убавина

5 Модни ситуации кои жена со вистински стил никогаш не би си ги дозволила!

Секоја жена има специфичен стил кој ја издвојува од другите. Сепак, факт е дека постојат жени кои имаат повеќе вкус за облекување од другите, а разликата е многу лесно да се забележи. Еве неколку работи кои жените со вистински стил и вкус речиси никогаш нема да ги носат.

Истакнување на името на брендот

Секогаш ќе има ситуација да бидете многу заинтересирани за облеката што има лого на одреден бренд. Сепак, она што ги разликува жените со вистински стил од другите, е тоа што тие никогаш нема да носат таква облека.

Јасно им е колку се вредни и не им треба докажување за брендот пред целиот свет.  Ако тие изберат да носат нешто брендиран, тогаш тоа го прават  многу дискретно и речиси незабележлво.

Мега високи потпетици

Жените што имаат стил никогаш нема да дозволат да изгледаат евтино. Жената спистанчен вкус знае дека обувката мора да биде удобна, па таа ја избира класичната висина на чевли или рамна обувка.

Животински принт од глава до пети

Една жена со стил знае дека овој безвременски дизајн може да ја збогати секоја комбинација, но само ако истата е правилно комбинирана.

Поради оваа причина, совршеното стилско око на една девојка но никогаш нема да го носи овој дизајн од глава до пети.

Изразено длабоко деколте

Деколтето раскажува многу за опуштениот карактер на една жена. Но, се си има граници, а жените за кои ние во моментов зборуваме, никогаш не би си дозволиле да изгледаат толку евтино.

Тренерки и патики – не, не, не!

Кога станува збор за овој “моден хит”, мора да се знае едно: тренерките и патиките се носат само кога вежбате или дома, и ова е единствениот пат да џмеете да ја носите оваа комбинација. Жените со стил го знаат тоа.

 

To Top