Новости

Мода и убавина

7 модни трикови кои визуелно ќе направат да изгледате послаби!

1. Заменете ги широките маици со струкирани блузи
Струкираните блузи во комбинација со темни фармерки ќе го издолжат вашето тело.

2. Купувајте облека спрема вашето тело 

Купувајте облека чиј конфекциски број ќе одговара на вашето тело. Никогаш премала и да се чувствувате неугодно, а нити пак преголема и да изгледате како вреќа во она што го носите. Вистината е дека различните брендови имаат различни конфекциски броеви и не одговараат на она што го носите. На приер можеби вашиот број е 38, но сепак тие пантолони ви се тесни. Од прилика ваше е да го знаете конфекцискиот број кој вам ви прилега, но никогаш не купуајте без да пробате, затоа што во спротивно голема е можноста да ги откриете вашите непосакувани видливи килограми.

3.Носете ремен околу половината

Тоа оптички ќе го издолжи вашиот струк и ќе направи иузија за вашето тело. Ремен над фустан, блуза, кошула или било што.

4. Практикувајте ја црната боја

Нема ни една друга боја која поуспешно би го сокрила оној непосакуван вишок килограми кој сакате да го скриете. Ако ви е премногу црно, пограјте си со други бои на штиклите, чантата или вашиот накит. Така ќе ја освежите комбинацијата, а вие сепак визуелно ќе изгледате послаби.

5. Чевли во боја на кожа

Кожа боја на чевли е еден од најдобрите „илузионистички“ трикови. Ќе ве направат послаби, а вашите нозе ќе изгледаат долги како до небото.

6. Изберете правилен градник

Често се зборува дека изборот на вашиот градник е многу важен за вашиот изглед. Со негова помош може да изгледате послаби дури неколку килограми. Гледајте да не е претесен, но никогаш не бирајте нити пак преголем.

7. Не носете премногу алишта

Пренатрупани со алишта ќе изгледате со килограми плус и наместо да се покриете зад нив, вие ќе го потенцирате она што не сакате да биде видено! Практикувајте што помалу облека и препорачливо е истата да е еднобојна.

 

GOLD
To Top