Новости

Мода и убавина

6 работи на Коко Шанел без кои жените не можат да живеат и денес!

1. Бижутеријата
Моделите на Коко Шанел едвај можеа да се видат без куп лажни бисери околу вратот. Таа беше прва што почна да дизајнира бижутерија. Истите биле правени од синџири, мониста и стакло и биле наменети за во кежуал прилики. До оваа идеја, Шанел пристигнала поради постоењето на желбата да им овозможи на жените да купат поевтини накит за да можат да ја надополнат секоја комбинација на својата облека.

2. Женски панталони
Пред 80 години, панталоните биле наменети само за мажите. Коко Шанел тоа го промени засекогаш. Таа сметала дека жените ја имаат потполно истата слобода како и мажите. Овој најголем преокрет во модниот свет и правила, се случил кога кога Коко сфати дека не може да јава коњ во долго здолниште и буквално ги извадила пантолоните на некој маж, и ги облекла на себе.

3. Малиот црн фустан
Коко Шанел сакаше да создаде прифатлива цена на фустан што ќе им биде достапна на жените од сите слоеви во секој општествен круг, или да создаде фустан кој ќе биде прифатен на најширокиот пазар. Со намера да дизајнира облека која ќе може да се комбинира на безброј начини, Шанел го формира малиот црн фустан, кој до ден денес е можеби и најпопуларниот фустан во светот. Кога за прв пат беше пласиран на пазарот во 1926 година, Вог напишал дека ќе стане еден вид униформа за сите жени низ светот и ќе ги засити сите вкусови. Речиси 90 години подоцна, овој мал црн фустан сеуште ја има истата моќ.

4.Маица со морнарски пруги

Коко црпела доста инспираија од местото каде живеела и творела. Така, често ги набљудувала морнарите и нивните одела, па набрзо заклучила дека морнарските пруги, би стоеле убаво и на жените. Набрзо пругастите декори, се нашле и на панталони, чизми, чевли, чанти и други модни додатоци.

5. Исунчаниот тен

На почетокот на дваесеттите, исунчаниот тен бил симбол на работничката класа и воопшто не бил во мода. Напротив, модерен бил бледиот тен. Но, еден ден Коко Шанел случајно изгорела на сонцето на француската ревиера и штом се вратила во Париз сите пријатели и се восхитувале на темниот бронзен тен, па се разбира почнале да го практикуваат истото под сонцето. Хм, изгледа дека е многу важно името?! Значи тоа е причината што „уживаме“ под жешкото сонце со часови и се печиме нели?

6.Женскиот костум
Идејата за дизајнирање на овој модел, секако дека била позајмена од дизајнерите на машкиот костум. Јакна без јака, метални копчиња и затегнато здолниште го направија твид костимот идеален за жените кои по Втората светска војна сакаа да изградат кариера во доминантниот машки бизнис-свет. Меѓу таквите на кои модниот дизајн на Коко им помогнал во остварување на кариерата беа Одри Хепберн, Грејс Кели и Џеки Кенеди.

Студирајте на БАС
To Top