Новости

Интервју

Интервју со Елена Мицевска, најдобар лидер на Авон во Македонија

Aко сте доволно упорни во животот и не застанувате на секоја препрека, сигурно ќе успеете, вели Елена Мицевска, 3-та година по ред најдобар менаџер на Авон во Република Македонија. Со неа поразговаравме за нејзините почетоци во Авон, за патот кон успехот, но и за мотивацијата и инспирацијата која ја води низ работата.

Шеталиште: Зошто ја избравте Авон за компанија каде ќе ја градите вашата кариера?

Елена: Самата компанија Авон постои над 130 години и е гигант од компанија која е застапена во над 120 земји ширум светот.
Само со овие 2 податоци може да заклучите дека станува збор за стабилна компанија со квалитетни производи и одличен принцип на работа. Таа нуди амерички принцип на работа, во современи услови и со високи стандарди. Тоа е причината заради која јас започнав и останав да работам во Авон.

Шеталиште: Кои се бенефитите од работата со Авон?

Елена: Кога би морала да издвојам неколку… тоа би биле прво приходите, потоа современиот начин на работа, условите за унапредување, бесплатните обуки од страна на компанијата за лично и професионално надоградување и секако флексибилноста во работното време.

Шеталиште: Која е вашата мотивација и инспирација што ве води низ работата?

Елена: Мотивацијата кај нас е комбинација од повеќе работи, каде би ги потенцирала: позитивната атмосфера за работа, тимската соработка, натпреварувачкиот дух, слободата во начинот на работа, применување на знаење. Но, според мене најважната работа е тоа што тука им нудиме можност за работа каква што не се нуди на останатите работни места во нашата држава. Тие луѓе кои ќе ја препознаат таа можност, со наша поддршка ја користат одлично. Јас лично можам да се пофалам со доста такви примери од амбициозни и успешни дами во мојот тим со кои се гордеам.

Шеталиште: Колку време сте дел од Авон и која е Вашата моментална позиција? Како се развувавте со текот на времето?

Елена: Оваа ми е 7-ма година каде што работам во Авон како лидер, а пред тоа работев една година како претставник и веќе четири години на позицијата Бизнис Менаџер, која е највисоката менаџерска позиција кај нас. Секогаш важи правилото дека ако сте доволно упорни во животот и не застанувате на секоја препрека, дека сигурно ќе успеете. Баш тоа е идентично со тоа како стигнав јас до оваа позиција, но тука би ги вклучила и поддршката од компанијата и луѓето кои ми помагале во мојот развој и биле до мене во сите предизвици во текот на работата.

Шеталиште: Со кои награди сте се стекнале досега? Сте биле и на голем број патувања…

Елена: Имам многу достигнувања во текот на мојата работа и секако нашите достигнувања често пати се наградувани и со луксузни патувања кои се на целосен трошок и организација на Авон. Бидејќи патувањата ни даваат спомени кои остануваат со нас засекогаш. Од патувањата кои ги организирал од Авон надвор од Македонија, морам да ги издвојам Истанбул, Лисабон и Палма Де Мајорка.

Веќе 3-та година со ред ја држам титулата најдобар менаџер на Авон во Република Македонија, што ми е од особена гордост во толкава конкуренција на одлични колеги – менаџери. И следна дестинација на која ќе патувам оваа година е Коста Дел Сол – Шпанија.

Шеталиште: Која е вашата порака за идните членови кои сакаат да градат кариера во Авон?

Елена: Најтопло им препорачувам и ги поканувам веднаш да ја започнат нивната кариера кај нас и да ги искористат тековните промотивни понуди. Тие ќе добијат одлична шанса за да си изградат сопствена кариера и бизнис со наша поддршка. Единствен влог е нивниот труд, желба за напредок и посветеност во работата. Ќе имаат и бесплатни обуки кои ќе придонесат за нивен личен развој и ќе бидат менторирани и обучувани од нашиот најискусен кадар. На нив останува само да не исконтактираат за да може да не посетат на информативна средба во форма на интервју.

Шеталиште: Кои се вашите нови цели за достигнување и реализирање?

Елена: Јас сум од тие луѓе кои се секогаш неисцрпен извор со планови и цели за работа. Следна моја цел е комплетно да се насочам во пренесување на моето знаење на луѓето кои веќе ги имам во мојот тим и на оние кои допрва ќе се приклучат. Сето тоа со цел да им помогнам да ја почувствуваат таа независност, сигурност, еманципираност која ја имам и јас со мојот успешен бизнис кој ми носи лична сатисфакција и високи приходи.

Комерцијален текст

GOLD
SN Finansii
To Top