Новости

Мода и убавина

Неколку модни совети за личниот стил со кои секогаш ќе бидете во мода!

Запознајте го својот облик на телото

Најлесниот начин за стигнување до соршениот стил, е запознавањето токму со вас самите. Знаејќи го вашето тело, вие ќе знаете какви комбинации би го разубавиле. На пример, доколку имате малку од повеќе килограми и облини, можеби и не е баш препорачливо да носете тесни стреч , припиени алишта, но нити пак премногу широки. И во едниот и во другиот случај би постигнале погрешен ефект.

Би ве посоветувале да примите совет од најдобрата пријателка штом станува збор за тоа што најмногу би му прилегало на вашата фигура, а исто така добро би било и да истражите и откриете кој од популарните свтски имиња од шоу бизнисто имаат слична фигура како вас. Споредете ја нивната гардероба со вашата и инспирирајте се од нив.

Имајте свој заштитен знак

Одберете свој препознатлив зашитен знак. Секоја жена со стил, треба да го има овој знак. Нешо што ќе се повторува и ќе ве опишува само вас. Дали тоа ќе биди шминката, парфемот или било што вие би милувале.

Инвестирајте во облека која често ќе ја носите

Моделот на облеката како што кажавме е најрелевантен штом е во прашање стилот. Купувајте модели кои неспорно би ги носеле и никогаш не би ги оставиле да фаќаат прашина во вашата гардероба. Притоа научете се кој е конкретниот модел. На пример ако знаете дека траперките ви одговараат најповеќе, следниот пат на шопинг, ќе знаете кон што целите.

 Пронајдете која боја на облека би одговарала на вашиот тен

Бојата е клучна, после моделот. Но, ако ја погреште бојата, целиот сјај на моделот може да падне во вода.

Креирајте своја униформа и прередете го орманот

Клучот е во сорирањето на непотребните и потребните париња на алишта. Конечно раздалете со од оние старите кои никогаш не ги носите и не, нема да се најдат за секој случај. Напротив, само ви фаќаат место и не ве оставаат да расудите правилно што точно ви фали. Потоа, креирајте своја единствена униформа. Што би значело, секогаш имајте една добитна комбинација која би се вклопила во секоја прилика, а која никогаш не би ве разочарала.

 

To Top