Агим Џело: Импресии од годинешното издание на Exit 2017 - Шеталиште

Новости

Патувањa

Агим Џело: Импресии од годинешното издание на Exit 2017

Годинешното издание на Exit ќе се памети по многу работи, но најмногу по рекордната посетеност од 215.000 посетители, но и Денот Нула (Day Zero)  кој започна со апсолутни хедлајнери на главната бина – The Killers, како и новата, реновирана и уште поспектуларна mts Dance Arena за кога пристигнуваат пофалби од сите страни. Како и секоја година, така и оваа, Агим Џело го посети најдобриот фестивал на отворено во светот.

„И оваа година како и изминатите се враќам со одлични импресии од Exit, фестивал прогласуван за најдобар отворен фестивал во Европа. Поголем дел од моето време на Петроварадинската тврдина го поминував на Explosive stage каде што настапуваа групите кои свират рок и метал музика, каде што снимив и голем број интервјуа кои ќе бидат искористени за музичката емисија Металманиа. Новитет оваа година беше Нулта денот, каде што беа отворени само две сцени и тоа main stage и dance arena. Организаторите на Exit велат дека ќе продолжат со Нулта денот каде што ќе носат најактуелни групи и диџеи. Нови Сад како и сеогаш полн со гости и странци, мирен и чист град, едноставно град кој ме смирува…“

 

To Top