Новости

Патувањa

Безброј причини за да ја посетите Парга – откријте во Патувачкиот дневник на Неда

Доколку сѐ уште немате отидено на одмор ова лето, ви препорачуваме тоа да го направите и да ја посетите Парга.

Како изгледа проверете во видеото на Патувачкиот дневник на Неда, кој е резултат на соработката помеѓу Туристичката агенција ЈК Травел и Неда Маретиќ, новинар во ТВ Тера.

Парга е мало гратче, кое лежи на северозападниот брег во Грција, во регионот Епирус. Тој е еден од најубавите градови во Грција, кој прави да поверувате дека се наоѓате во некој од главните градови на грчките острови. Парга е горд сопственик на најчистите и најзачуваните плажи во цела Грција, вистински скриени бисери на регионот Епирус. Плажите се погодни за сечиј вкус и истите навистина ќе ве маѓепсаат. Плажата Валтос е бисерот на Парга, пред сè поради својот величествен изглед и природен сјај. Таа е една од најпопуларните плажи во Парга и во цела Грција, благодарение на својот блескав песок и неверојатно бистрата вода. До неа се стига со брод, автомобил, велосипед, мотор или пешки. Плажата е одлично организирана и за водни спортови како: скијање на вода, возење со скутер на вода, сурфање на ветер, нуркање. Се наоѓа на 2 километри од Парга. Плажата е долга 3 километри. Плажата Крионери е оддалечена на само неколку метри од центарот на Парга. Во центарот, наспроти плажата лежи мало, карпесто островче, кое локалните жители го нарекуваат Скорда, посветен на Богородица. До него се стигнува со пливање или со педалинка. Над плажата има таверни, кафе барови со одличен поглед на плажата. Половина плажа е со песок, а половина со мали бели камчиња. Веднаш до неа, на источната страна, се наоѓа Писо Крионери, малечка плажа која исто така се простира во границите на градот, опкружена со високи карпи. Зад плажата се наоѓа планината позната како Свети Атанасиос, именувана според православната црква која е сместена на врвот од планината. Планината како природен заштитник, ја чува плажата Писо Крионери од невреме. Оваа плажа е помала од Крионери и не е толку полна во текот на високата сезона. Според многумина, на оваа плажа водата е најубава за капење, а нуди и прекрасна глетка на околината. Тука е и ресторанот бар Атриум, веднаш над плажата до кој доаѓате по неколку скали, а погледот кој се пружа од горе, е магичен. Топлината на водата на Јонското море нека биде само уште една причина повеќе за да ја посетите Парга токму во септември. Секоја година бројот на туристите се зголемува не само поради природните убавини, туку и поради прекрасните плажи кои се најдобрите плажи воопшто на Јонското море.

Студирајте на БАС
To Top