Новости

Патувањa

Ексклузивна репортажа од Санторини: Остров кој плени со уникатна убавина

Санторини во последните години е се повеќе познат кај нас и важи за еден од најубавите и најромантичните острови во светот.

Санторини е вулкански остров, кој настанал од вулканска ерупција пред околу 3.600 години и се наоѓа во јужниот дел на Егејското море. Овој остров е препознатлив по шармантните бели куќи со сини врати и прозорци, одделени една од друга со мали поплочени улички, вклучувајќи и цркви со сини куполи, како и познатите бели тераси за сончање од каде може да уживате во прекрасниот поглед и незаборавните зајдисонца покрај убавите базени.

Fira (Thira)

Главен град на островот е Fira(Thira) кој е изграден на самиот срт на калдерата, на 260 м над површината на морето. Fira и Oia се едни од најпознатите места на овој остров поставени на рабовите на калдерата, од каде се простира преубава панорама на Егејското море и кон вулканот.

Калдерата на Санторини е огромна туристичка атракција, а во нејзините ѕидини се изградени бројни кафулиња и ресторани. Меѓу другото, стрмните карпи од калдерата се и најпопуларните места за изградба на куќи и сместувачки капацитети. Фиростефани и Имеровигли се симпатични и шармантни места со типична традиционална архитектура. Бројни сместувачки капацитети се сместени токму тука. Што се однесува до плажите на островот карактеристично за нив е фактот што се многу поинакви од останатите плажи во Грција заради своите особености. Црвени и црни вулкански камчиња лежат на бреговите на плажите на Санторини, со стрмни карпи измеѓу, создавајќи заедно уникатно место. Најпознатата плажа во Санторини е Црвената Плажа, а покрај неа се издвојуваат исто така и Периса, Камари и Периволос.

Imerovigli

Оја(Oia) е доста познато по спокојниот, мирен живот и најубавите зајдисонца, кои го прават за многумина најубавото село во Санторини. Селото е лоцирано на врвот на имресивна карпа од каде се простира спектакуларна панорама врз вулканот Палиа и Неа Камени, како и поглед кон островот Терасија. Селото е лоцирано во северниот дел на островот, на 11км оддалеченост од Фира. Во убавите улички ќе најдете бројни продавници каде може да се купи традиционален сувенир за спомен, кафулиња и таверни кои служат врвни специјалитети од свежа морска риба.

Имено селото има мало пристаниште Амуди, до кое се стига преку 300 скали кои водат надолу. Отаму, со бротчиња може да заминете до соседниот остров Тeрасија.

Oia

Исто така селата Акротири и Пиргос се особено значајни за овој остров со што нудат посебна и традиционална убавина.

Жителите на Санторини претежно се занимаваат со туризам, но и со одгледување на специфични видови на винови лози, од кои се добива најубавото вино Nychteri, со одгледување на добро познатите мали санторински домати кои се со неверојатен вкус и од кои се подготвуваат преубави специјалитети во санторинските таверни.

Исто така можете да го искусите и незаборавното возење на магариња низ центарот на Фира кои се еден вид симбол на овој остров.

Ammoudi Bay

Санторини е остров кој дефинитивно треба да го посетите и да уживате во прекрасниот поглед и убавините кои ги нуди ова место.

Уживајте во фотогалеријата:

 

GOLD
To Top