Новости

Патувањa

За сите кои ќе летуваат во Грција: Царинарниците фрлаат одредени производи, еве што можете да пренесете преку граница

Зготвено месо, сирење, јајца, млеко и млечни производи не се дозволени за внесување во земја која е членка на Европската унија.

Затоа царинарниците на границата со Грција ги исфрлаат овие продукти, ако ги најдат кај патниците.

Тоа значи дека на море во Грција не смее да се носат виршли, шницли, шунка, сирење, млеко, јогурт, павлака. Може да носите до пет килограми свежо овошје или зеленчук, освен компир, два килограми млеко во прав за бебе или храна за бебе или храна за посебни потреби, како и до два килограми храна за домашни миленичиња. Може исто така да понесете со себе макарони, кечап, кекси, чоколадо, вода, сокови се додека вредноста на овие намирници не ја надминува висината до 300 евра по патник.

GOLD
To Top