Eве каде е најевтино сместувањето... - Шеталиште

Новости

Патувањa

Eве каде е најевтино сместувањето…

Загреб е еден од најевтините градови за сместување во светот за туристи, а најскапо е во Монте Карло.

Ова го покажува анализата на Accommodation Price Index 2017.

Опфатени се околу 200 метрополи, а Загреб е на 141 место.

Во Загреб во хостелите цената е 13 евра, а во хотелите се движи од 97 до 292 евра.

Во Монте Карло хостел чини 28 евра, а за хотел ќе треба да платите од  285 до 2.505 евра.

Зад него е Сен Тропе со цени од  176 до 2.194 евра.

Потоа следат Рејкјавик, Сан Франциско и Њујорк.

Најевтини се дестинациите на Далечниот Исток и на Балканот.

Во Куала Лумпур хотел чини од  55 до 285 евра, а потоа следи Скопје, Тирана, Анталија и Софија.

Хостел за само 5,59  евра има во Киев.

Извор: faktor.mk

To Top