Новости

Патувањa

Патувачкиот дневник на Неда – Паксос и Антипаксос

Доколку сте се одлучиле за патешествие по Јонското море, ваша задолжителна дестинација мора да бидат островите Паксос и Антипаксос (Paxos, Antipaxos).

Како изгледаат и што нудат овие места може да се види во видеото на Патувачкиот дневник на Неда, кој е резултат на соработката помеѓу Туристичката агенција ЈК Травел и Неда Маретиќ, новинар во ТВ Тера

Оние кои ги посетиле островите веќе знаат за какви рајски места се работи, но оние кои не ги имаат посетено еве зошто треба да ги стават на својата листа на следни дестинации.

Паксос е остров кој се наоѓа на 14 км јужно од Крф и 20 км западно од Парга. Паксос зафаќа површина од 19 квадратни километри и е еден кластер на острови во Јонското море. Овој прекрасен остров нема аеродром и до него може да се пристигне само со фериброд и поради тоа е во состојба да се заштити од напорот на модерниот туризам. Паксос е остров со бескрајни маслинови градини а на Антипаксос се насади од винова лоза.

Тиркизната боја на морето и единствените сини пештери нудат незаборавно искуство.

 

Evrotip
Евротип
To Top