Новости

Патувањa

Патувајте 3 месеци низ Европа и добијте 5.600 евра – единствена обврска ви е да фотографирате за на Интернет

Компанијата „Бјузбоут“ бара четворица експерти за социјални мрежи кои целосно бесплатно ќе патуваат и ќе ја истражуваат Европа.

Четворицата одбрани експерти ќе можат три месеци да патуваат низ Европа, а единствен услов е она што ќе го видат, да го забележат и објават на Интернет.

Агенцијата „Бјузбоут“ бара блогер, влогер, Инстаграм и Снепчет ѕвезда, а тие ќе бидат избрани врз основа на нивниот талент за креирање на содржини.

Работата ќе трае од јуни до септември 2018 година. Секој член од тимот ќе добие по  5.600 евра, ќе има платено сместување, џепарлак, а на крајот на патувањето ќе добие бонус и повратна авионска карта до Велика Британија.

За време на тримесечната авантура, избраните ќе ги посетат најпознатите места во Европа, почнувајќи од островот Блед, Краков, Сан Себастијан, скриените бисери на Австрија, како и убавините на Швајцарија.

Оние кои сакаат да се пријават за ова патување треба да наведат која социјална мрежа најдобро ја познаваат и да снимаат видео од 60 секунди во кое ќе покажат зошто агенцијата треба да ги избере. Огласот е отворен до средината на идниот месец.

GOLD
To Top