Новости

Патувањa

Песочни плажи и кристално чисто море за идеален одмор во Калитеа – Патувачкиот дневник на Неда

Голема песочна плажа, кристално чисто море, природна убавина, бујна медитеранска мирисна вегетација, гостопримливост на домаќините. Дали ова ви звучи како идеално место за вашиот одмор? Да, Калитеа е токму тоа место кое едноставно е совршено за вас.

Доколку ви звучи примамливо погледнете како сето тоа изгледа во Патувачкиот дневник на Неда, резултат на соработката помеѓу Туристичката агенција ЈК Травел и Неда Маретиќ, новинар во ТВ Тера.

Едно од најпознатите летувалишта на првиот крак на полуостровот Халкидики е Калитеа. Се наоѓа на 70 км. југоисточно од Солун. Ова место е познато и по големиот број на ноќни клубови кои се најпривлечни за младата популација, меѓу нив Pearl и Ahoy. Калитеа е идеално место за патници кои сакаат да уживаат во кристално чистата вода и белата песок на плажата која скоро секоја година е наградувана со сино знаменце. Калитеа e сместена во прекрасната околина опкружена со борови дрва.

Ви овозможува да уживате во многубројните таверни, кафе барови, бутици, дискотеки и ноќни клубови кои ги привлекуваат туристите од сите околни места со што се вбројува во еден од најзабавните градови на Халкидики, а разновидните продавници и бутици нудат можност за шопинг интересен за туристите од сите возрасти.

СН Финансии
To Top