Полски новинари ќе ја промовираат Македонија како туристичка дестинација - Шеталиште

Новости

Патувањa

Полски новинари ќе ја промовираат Македонија како туристичка дестинација

Како продолжение на неодамна отворените сезонски чартер-летови од Катовице на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, ТАВ Македонија донесе пет новинари од Полска во Македонија, со цел да ги искусат убавините на земјата и да ја промовираат како туристичка дестинација меѓу туристите од Полска.

„Од 17 до 22 јули пет новинари од Полска, од угледни печатени и онлајн медиуми ја посетија Македонија, конкретно Скопје и скопскиот регион (кањонот на Матка, винарии), Охридското езеро и Битолскиот регион, искусувајќи ги убавините на земјата и нејзиното културно-историско наследство. Очекуваме оваа активност да придонесе за повисока побарувачка на летови од Полска кон Охрид, со цел тур-операторот Рего Бис да ја операционализира најавената дополнителна дестинација – Варшава, како и да придонесе за отворање на дополнителни чартер летови од Полска до Македонија организирани од друг полски тур-оператор, за што сме во преговори долго време“, изјави Алпер Ерсој, Генерален директор на ТАВ Македонија.

Како што објаснува Ерсој, ТАВ Македонија постојано презема слични маркетинг-активности не само за привлекување на авиокомпании и тур-оператори да почнат да летаат од двата македонски аеродроми – скопскиот „Александар Велики“ и охридскиот „Св. Апостол Павле“, туку и да ги поддржи новоотворените дестинации и да создаде поголема побарувачка за летови кон Македонија од пазарите од каде што доаѓаат патници во земјава.

Извор: makfax.com.mk

To Top