Сивири, место кое ќе ве остави без зборови - Патувачкиот дневник на Неда - Шеталиште

Новости

Патувањa

Сивири, место кое ќе ве остави без зборови – Патувачкиот дневник на Неда

Сивири е туристичко место кое се наоѓа во југозападниот дел на Касандра Полуостров во Халкидики, меѓу Касандра и Фурка околу 82 км од аеродромот во Солун, а на само 10 км од Калитeа. До Сивири води убаво среден магистрален пат. Ова место има околу 500 жители кои претежно се занимаваат со рибарство, туризам и агрикултура. Сивири е опкружен со борова шума, а заради пријатната клима се смета и за воздушна бања. Добро познато по својата добро организирана плажа и по богатата флора. Сивири има се што еден посетител може да побара за да ужива во својот одмор од таверни и барови до пазар и летно кино. Во Сивири има многу таверни кои служат свежа риба, морски плодови и скара на жар меѓу другото.

Веднаш до морето се наоѓа познатото шеталиште со многубројни кафе барови и слаткарници , како и сувенирници.

Иако има повеќе кафе барови ова место не е за оние кои сакаат луди ноќни журки, но ако сакате да го вкусите ноќниот живот на Грција, секогаш можете да отидете во Калитеа која е на само 10 км од сивири.

Сивири располага со долга песочна плажа, добро организирана со песок која е совршена за сончање, а морето е плитко и е идеално за безбедно пливање.

Плажите во Сивири ќе ве остават без зборови и ќе направат да се чуствувате како да сте во рајот на земјата. Плажите се со ситен песок кои својата убавина ја споделуваат со кристално чистата вода.

Местоположбата Ви го нуди најубавиот поглед на зајдисонцето што некогаш сте можеле да го замислите. Ќе имате прилика да ги направите најдобрите фотографии од вашиот одмор, а во текот на вечерта можете да уживате во локалното вино во некој од рестораните или кафе баровите и да ја впивате магијата на вечерта.

Убавата природа и знаменитостите на ова место ќе го направт сечиј одмор незаборавен. Ова место едноставно мора да го посетите!

Доколку ви звучи примамливо погледнете како сето тоа изгледа во Патувачкиот дневник на Неда, резултат на соработката помеѓу Туристичката агенција ЈК Травел и Неда Маретиќ, новинар во ТВ Тера.

To Top