Новости

Патувањa

Скриената убавина на митолошката река Ахерон – Патувачкиот дневник на Неда

Како еден од најубавите брегови на медитеранот, Јонскиот брег претставува незаменлив бисер во герданот на морските убавини кои ги нудат двете блиски мориња. Ако се потсетиме на предходните понуди, тука се секако незаменливите монденски летувалишта Сивота и Парга. Но оваа летна сезона, покрај нив, сосема оправдано ќе ги додадеме и излетничките места. Со оваа репортажа ќе се обидеме да ви ја доловиме убавината на природата околу реката Ахерон.

Доколку ви звучи примамливо погледнете како сето тоа изгледа во Патувачкиот дневник на Неда, резултат на соработката помеѓу Туристичката агенција ЈК Травел и Неда Маретиќ, новинар во ТВ Тера.

Грција е пребогата со убави предели кои не се само море и плажа, а митската река Ахерон е токму една од нив. Изворот на Ахерон се верува дека е митолошката река Стикс. Оваа е област во близина на селото Глики. Ахерон е фантастичен излет со величенствената бистра вода и околина со камени пејсажи.Тоа е едно од помалку познатите места така што сеуште ја задржува и зачувува недопрената природа и има некоја мистична енергија. Оддалечена од морето на само неколку километри се наоѓа шума која делува исто толку егозтично заради својот необичен облик.

После чекорењето низ шумата ви се пружа прекрасен поглед на реката . Природата која ви го одзема здивот, извори на чиста планинска река, шумите и малите планински патеки, чекорење низ прекрасниот кањон и температурата на водата од само 7 степени која прво ќе ве шокира а потоа толку воодушеви што едноставно нема да сакате да излезете од неа, се карактеристики на ова место. Покрај природните убавини изворите на Ахерон се познати по митолошките содржини во античката грчка митологија, Ахерон била една од петте реки на грчкиот подземен свет.

Во нејзините свети води според легендата, Тетида го избањала својот син Ахил, држејќи го за петата при што тоа останало единственот ранливо место на неговото тело. Тука може да уживате и во рафтинг, јавање на коњи низ реката, таверни покрај реката со одлична морско речна риба, и повторно ќе нагласиме фантастична природа и доживување кое се памети.

СН Финансии
To Top