Новости

Патувањa

Сѐ почесто се летува во јуни и во септември

Високите цени на туристичките аранжмани ги менуваат навиките на нашите граѓани. Сѐ почесто се летува во јуни и во септември. Агенциите со полни раце работа, Грција останува најбараната дестинација…

И оваа година Грција е една од побараните туристички дестинации за Македонците. Секоја година се поголем е интересот за летовање во јуни и во септември.

Туристичките агенции во овој период работат турбо. Нудат поволни пакет аранжмани, за кои сметаат дека се примамливи за граѓаните. За МТВ објаснуваат дека сѐ поголем број граѓани го избегнуваат екот на летната сезона и ги користат понудите за јуни и септември, кои се и двојно поевтини.

Некои се решаваат преку оваа варијанта и два пати да отидат на одмор. Најчесто, тоа се повозрасни луѓе или семејства со деца. Од понудата за годинава, голем интерес и за Турција.

„За овој месец имавме акција- едно дете бесплатно со двајца родители во авион. Најевтината цена беше 199 евра за лице плус аеродромска такса. За Грција имавме цени од 75 евра па нагоре. Се зависи од тоа колку е пополнето. Сега за девет ноќевања цените се околу 129- 149 евра“, вели Сузана Зелениковска, вработена во туристичка агенција.

Граѓаните се подготвуваат, некои веќе уплатиле, други сѐ уште не решиле каде ќе заминат. Има и такви кои ќе летуваат во земјава.

Граѓани за МТВ раскажуваат дека често одат и во сопствена режија, сметаат дека на тој начин поминуваат поевтино. Други резервираат и преку интернет. Има и такви кои ги чекаат атрактивните понуди во последен момент кои се со пониски цени.

Извор: www.mrt.com.mk

GOLD
To Top