Новости

Патувањa

ФОТО: Потпелистерски мир и спокој во црквата Света Петка во Нижеполе

Нашиот крај изобилува со места кои се сместени во недопрената убавина и за кои можеби повеќето не слушнале. Токму затоа ние преку фотографии ќе ви ја пренесеме убавината која се крие во регионот. Ви претставуваме уште еден бисер во потпелистерјето.

Црквата „Св. Петка“ – се наоѓа во месноста Гргули и датира од 19 век. Се наоѓа на 10 минути оддалеченост од центарот на потпелистерското село Ниже Поле, во внатрешноста на црквата има извор на света лековита вода. Црквата може да ја посетите за празникот кој се ближи и кој е посветен на Преподобната маченичка Параскева, 8 август.

Инаку во близина на црквата има река која често за време на летните горештини е полна со деца кои се разладуваат.

ФОТО: Ивана Фидановска Мицевска

 

СН Финансии
To Top