Новости

Патувањa

Фотoрепортажа од Дизелдорф – после 30 години од Германија започна трката Тур де Франс

На 1 јули од Дизелдорф, Германија започна 104-та велосипедска трка Тур де Франс.

Првата етапа на хронометар, долга 14 км, како и втората се возеа во Диселдорф, по што велосипедистите денеска се преселија во Белгија и во Луксембург, а оттаму ќе слезат надолу, во Франција, се до завршната етапа на 23 јули на Шанзелизе во Париз.

Почетокот на Тур де Франс 2017 (познато како „големо тргнување“) било првично предвидено да биде во Лондон; тоа би било трет пат Тур да го посети Лондон, по 2007 и 2014 година. Во септември 2015 година, една недела пред да биде објавено, градот се повлекол од кандидатурата. Подоцна, било откриено дека ова било одлука на градоначалникот на Лондон, Борис Џонсон, заснована на трошоците: организирањето на „големото тргнување“ би чинело 35 милиони фунти.

Во декември 2015 година, организаторот на трката објавил дека домаќин на почетокот ќе биде Диселдорф, Германија; ова ќе биде четврти пат Тур да започне во Германија и прв пат од 1987 година. Кандидатурата за домаќин на Тур била тесно усвоено од градскиот совет. Враќањето во Германија следело по оживувањето на германскиот велосипедизам, при што возачите бележеле успеси, како Тони Мартин, Марсел Кител, Андре Грајпел и Џон Дегенколб.На 14 јануари 2016 година биле објавени деталите за воведните две етапи. Првата етапа ќе била поединечен хронометар во должина од 13 километри. Втората етапа, исто така, започнувала во Диселдорф, при што ќе се искачат на Графенберг по само 6 километри, повторно ќе се упатат кон градот и ќе продолжат кон Лиеж, Белгија.

Велосипедистите, вкупно 198 од 22 тима, ќе треба да извозат 21 етапа, со вкупна должина од 3.540 км, со 23 тешки искачувања на пет планински масиви, со три завршни етапи на високи врвови и со два временски испита.

Првиот Тур де Франс е возен во 1903 година и се смета за врв во овој спорт, па и пошироко. Оваа трка, која во три збора се опишува како „интензивна, исклучителна и незаборавна“, некои ја сметаат за најголемиот спортски настан во светот, еден од најгламурозните што во живо го гледаат повеќе луѓе отколку олимписките игри, па и светските првенства во фудбал.

СН Финансии
To Top