Новости

Патувањa

Парга, бисерот на Јонското море – Патувачкиот дневник на Неда

Ако се воодушевивте од најубавите плажи во Парга, подгответе се за уште една повозбудлива авантура која ќе ви ја донесе самиот град – Парга. Од прошетките низ тесните сокачиња и улички, преку пристаништето со безброј кафулиња и ресторани, па се до венецијанскиот замок и двокатните куќи во различни бои…Откријте зошто е наречен бисер на Јонското море…

Доколку ви звучи примамливо погледнете како сето тоа изгледа во Патувачкиот дневник на Неда, резултат на соработката помеѓу Туристичката агенција ЈК Травел и Неда Маретиќ, новинар во ТВ Тера.

Романтичните улици со мали куќи и мноштво ресторани, таверни и кафулиња, претставуваат главна негова карактеристика. Темпото на космополитскиот дух кој преку денот привидно мирува, ја доживува својата кулминација во прекрасните вечерни часови. Парга има долга традиција и прекрасна архитектура. Оние кои имаат желба за истражување и разгледување, жедта ќе си ја задоволат во прекрасната Парга, која располага со многу историски градби и антички мистични места.

Поради специфичната положба, Парга во минатото била мета на многу освојувачи – Венецијанци, Французите и Турците. Вниманието го привлекува венецијанскиот замок, Али-паша, старата градска тврдина од XIV век, изградена во Средниот век за заштита на градот.

Под остатоците на венецијанскиот замок, Парга потсетува на мал амфитеатар со своите тесни камени улички кои се наоѓаат во стариот дел на градот. Незначителен е трудот кој ќе го вложите, за да се искачите до замокот, од каде има поглед кој не се опишува со зборови. На падините од ридот, околу пристаништето се изградени двокатни куќи со фасади во различни бои кои креираат живописна атмосфера.

Шеталиштето во близина на плажата е најдоброто место за прошетка како за туристите, така и за локалните жители.
Вистинската магија на Парга започнува штом ќе зајде сонцето, а градот нуди многу можности за уживање во жешките ноќи. Романтична вечера во некој отмен ресторан покрај морето, дегустација на локалните коктели, пива и вина во бројните барови.

Посетителите на Парга ќе бидат импресионирани од зеленилото, околните планини и маслинки, нејзините преубави плажи и мирни заливи скриени во големите карпи. Парга е навистина специфично, но најважно – прекрасно место за незаборавен одмор.

Студирајте на БАС
To Top