Новости

Психологија

Јазикот на тајните знаци: Научете лесно да ги читате луѓето

Сигурно се имате прашувано како би изгледало да можевте да им ги читате мислите на другите. Некои луѓе ја користат нивната интуиција за ова, но ако не сте во допир со неа, ви останува единствено да го научите говорот на телото. Познато е дека добиваме околу 55% од информациите преку невербална комуникација. Мимиките, гестикулациите и другите движења на телото може да покажат што навистина мисли некој. Погледнете некои од сигналите кои луѓето несвесно ги испраќаат и научете како да читате мисли.

1.Затворање на очите

Ако некој разговара со вас и ги затвора очите, таа личност се обидува да се скрие од надворешниот свет. Ова не значи дека личноста се плаши од вас, туку сака да се ослободи бидејќи најверојатно ја заморувате.

2.Покривање на устата

Ова се случува кога некој не сака да каже нешто. Често овој гест е прикриен со кашлање.

3.Гризење на очилата

Ако забележите дека некој го прави ова, обидете се да го расположите. Ова однесување е знак на грижа, дури и на потсвесно ниво. Истото важи ако личноста гризе пенкало, молив, цигара или гума за џвакање.

4.Презентирање на лицето

Обично овој гест се користи за привлекување личности од спротивниот пол. Кога ја ставаме нашата брада на дланките, на некој начин кажуваме: „Ова сум јас, уживај колку што сакаш.“

5.Чешање на брадата

Луѓето го прават ова кога се обидуваат да донесат некоја одлука. Исто така може да гледаат нагоре, надолу или во која било друга насока. Обично не го забележуваат она што го гледаат бидејќи размислуваат.

6.Прекрстени раце

Овој гест е еден од најпопуларните. Оваа положба на рацете им помага на луѓето да се „исклучат“ од другите. Често ги прекрстуваме рацете кога сме иритирани или кога не се чувствуваме добро во врска со некоја ситуација.

7.Поправање на изгледот

Кога една жена сака да му се допадне на некој маж, таа ќе се обиде да изгледа најдобро што може. Го исправува грбот за да ги нагласи градите, а често и ги прекрстува нозете. Ако дланките ѝ се споени на нозете, тоа е знак дека е навистина заинтересирана.

8.Наведнување нанапред

Кога на луѓето им се допаѓа некој и сакаат да стапат во контакт со него, тие обично се наведнуваат напред. Во оваа положба нозете може да бидат неподвижни, а горниот дел од телото инстинктивно се придвижува напред.

9.Навалување назад

Ако некој се навали назад на столот, тоа е знак дека е изморен од разговорот. Можно е и да се чувствува неудобно во присуство на соговорникот.

10.Мрдање од пети кон прсти

Ова не го прават само децата. Ова движење е знак дека личноста е анксиозна за нешто.

11.Триење на дланките

Се верува дека дланките го покажуваат она што го размислува мозокот. Триењето на дланките значи дека личноста има позитивно мислење за нешто.

12.Ракување познато како „ракавица“

Ако личноста со која се ракувате го фати вашиот зглоб со слободната рака, таа ви покажува дека можете да ѝ верувате.

13.Ракување со дланка свртена кон таванот

Ова е знак за сочувство. Но ова е вистина само ако личноста го направи инстинктивно. Ако соговорникот ја постави дланката врз вашата после некое време, можно е да покажува доминација.

14.Ракување со дланка свртена кон подот

Ако некој се ракува со вас на овој начин, тоа е знак дека е подготвен да ви помогне.

15.Ракување со допир

Соговорникот може да го допре вашето рамо или рака. Ова значи дека му недостига комуникација. Колку допирот е поблизок до телото, толку на соговорникот му е потребно повеќе друштво.

16.Местење на вратоврската

Значењето на овој гест зависи од ситуацијата. Ако мажот го направи ова во присуство на убава жена, може да биде знак дека му се допаѓа. Но, исто така може да значи дека на личноста ѝ е неудобно.

17.Собирање влакна

Многу често луѓето го прават ова кога не се согласуваат за нешто, но не сакаат да кажат. Тие не го кажуваат своето мислење јасно, но сигурно сметаат дека нешто е погрешно.

18.Нозе на маса

Овој гест може да значи многу работи – лошо однесување, непочитување, доминација, па дури и дека личноста се грижи за своето здравје. Психолозите веруваат дека ако оваа положба ви е удобна, треба да ја правите само дома.

19.„Јавање“ на столот

Многу луѓе ги иритира кога некој седи на овој начин. Оваа положба е позната кај доминантните луѓе. Ако не сакате да изгледате слабо во близина на личност која седи вака, останете на своите нозе.

20.Играње со чевлите

Прекрстените нозе се една од најпривлечните женски положби. Ако жената си игра со нејзиниот чевел, таа сака да го привлече вниманието кон нејзините нозе. Овој гест укажува дека жената е смирена и опуштена и е на некој начин зелено светло за мажот.

21.Контакт со очите

Очите се прозорец на душата. Можете да прочитате многу емоции од очите на другите. Кога гледаме некој што ни се допаѓа, нашите зеници може да се зголемат и до 4 пати. Ако личноста е гневна зениците може многу да се намалат.

Извор:Кафепауза.мк

Студирајте на БАС
To Top