Новости

Психологија

Дали да и се верува на интуицијата, или рационално да се размислува?

Верувајте во својата интуиција – совет кој често го слушаме кога треба да се донесе некоја важна одлука. Но, дали навистина е паметно да се потпираме на интуицијата наместо рационално да ги анализираме сите опции?

„Зависи“, вели Питер Валшбургер, био-психолог од берлинскиот „Сободен универзитет“. Ако некој има многу искуство на некое подрачје, често ќе донесе подобра одлука ако тоа го направи брзо, отколку ако детални ги проучува сите опции. На пример, вработените во хотелите често, многу добро го проценуваат карактерот на луѓето, искусните лекари, понекогаш веднаш ја утврдуваат болеста од која страда нивниот пациент, а некои истражувачи можат брзо да кажат дали некој направил нешто лошо.

Често тие луѓе не знаат точно да кажат како дошле до своите точни заклучоци. Проблемот е во тоа што сите сме опкружени со стереотипи и често не сме ни свесни за тоа. На пример, доказите покажуваат дека луѓето кои се смејат ги сметаме за поинтелигентни од оние кои изгледаат сериозно, вели Валшбургер. Ако веруваме на својата интуиција немаме начин да дознаеме дали сме во право кога го имаме тоа чувство.

Валшбургер предлага да се дејствува на основа на интуицијата само кога имаме многу искуство и знаење од подрачјето во кое треба да се донесе одлука, кога ситуацијата бара брза одлука и кога одлуката нема да мораме дополнително да ја оправдуваме со аргументи.

Извор:Факултети.мк

GOLD
SN Finansii
To Top