Новости

Психологија

Дали тежината влијае на шансите за вработување?

Резултатите од едно истражување наведуваат дека без оглед на тоа колку сте квалификувани, физичкиот изглед дефинитиво може да ја засени вашата биографија.

Ново истражување од Универзитетот во Охајо покажува колку често работодавците ги дискриминираат кандидатите за работа, на основа на телесната тежина.

Во рамки на студијата, дебелите луѓе кои оделе на разговори за работа имале за 27% помали шанси да добијат работа, за разлика од оние луѓе со нормална тежина.

Истражувачите спровеле експеримент така што кандидатите прво биле интервјуирани преку телефон. Нормално дека во оваа фаза немало разлики меѓу слабите и подебелите кандидати.

Џејкоб Бурнмастер, еден од авторите на студијата, вели дека е можно некои работодавци да развиле предрасуди кон дебелите луѓе, сметајќи ги за мрзливи или недисциплинирани.
Сепак, постои уште една можност, а тоа е дека дебелите кандидати поминуваат полошо на интервјуата, бидејќи имаат помалку самодоверба и се чувствуваат непријатно.

Една жена од Њујорк која успешно поминала на телефонското интервју, била една од седумте дебели жени кои конкурирале за работа во позната ИТ компанија. Тие седум веднаш биле исфрлени од конкуренција.
Слична ситуација ја снашла и Луиса Верт, која и после 160 интервјуа не добила работа. Оваа 29-годишна адвокатка сигурна е дека причината е нејзината прекумерна тежина:
„Видов како ме набљудуваат згодните и убави девојки кои работат во одделот за човекови ресурси. Со мене зборуваа десетина минути, притоа не прашувајќи ме за моите вештини и знаења. Ми рекоа дека нема да го поминам следниот круг, а кога ги прашав зошто, ми рекоа дека немало да им се допаднам на партнерите“.

Откако ја изгубила работата во 2010 година, Луиса вели дека нејзината тежина буквално ги засенува нејзините квалификации:
„Никој не ми дава работа. За жал, изгледам супер само на хартија, но во живо не им се допаѓам на работодавците“, заклучува Луиса.

Студирајте на БАС
To Top