Новости

Психологија

Здраво родителство: Жртвувањето никогаш не дава добри резултати

Проблемот со современите луѓе е што се преплашени од родителството, смета канадскиот психолог Џордан Питерсон од Универзитетот во Торонто.

„Еден ден ќе станете постари од 40 години, а нашата култура е таква што мислиме дека постоиме додека сме млади. Но тоа не е точно. Што ќе правите од 45 до 90 години? Потребно ви е семејство, да ги гледате вашите деца како растат, па потоа и внуците. Тоа е можеби најважното нешто во вториот дел од вашиот живот“, објаснува тој.

„Жените се плашат дека мајчинството ќе им го убие духот. Мојот совет до нив е – не дозволувајте да дојдете во ситуација на духовно самоубиство. Одвојувајте време за себе со цел да ја зачувате вашата креативност. Децата не мора да ви го изедат животот. Ако тоа им го дозволите, тогаш ќе ги мразите и лошо ќе се однесувате кон нив. И за нив и за вас е најдобро да се изборите за свое време.

Децата можат самите да се научат забавно да си го осмислат времето, а дури е и полесно ако имате повеќе деца бидејќи можат да си прават друштво.

Наместо да стравувате дека децата ќе ви ја одземат самостојноста, треба да развиете здрава доза на себичност. Сум имал повеќе пациенти што имале премногу несебични мајки отколку такви што имале премногу себични мајки. За децата е најважно да бидете тука кога навистина ќе им требате, а не да им стоите над глава.

Луѓето се воздржуваат да имаат деца бидејќи мислат дека децата се минијатурни тирани. Можат да бидат, ако им допуштите. Но зошто, наместо тоа, не ги воспитате. Сериозно ве советувам: немојте да ги воспитувате децата така што да не ви се допаѓаат. Ако дозволите да се однесуваат онака како што не би сакале, тогаш родителството навистина ќе ви го расипува животот. Но, вие имате огромна моќ да го контролирате односот со вашите деца. Не мора да дозволувате тие да го имаат главниот збор. Вие треба да го имате главниот збор. А не е добро ни за нив да бидат главни“, советува д-р Питерсон.

„Голема штета е што луѓето се плашат од деца бидејќи децата можат да бидат навистина прекрасни. Се разбира, мора да бидете внимателни кон нивните потреби, тие се заморуваат, огладнуваат, топло им е, немаат трпение… Но, тие се преубаво друштво и се неверојатно смешни и ве сакаат, ви даваат многу повеќе отколку што земаат, само доколку паметно постапувате како родители. Затоа, немојте да се плашите од деца, па како вие сте израснале“, порачува д-р Питерсон.

Извор:Факултети.мк

GOLD
SN Finansii
To Top