Новости

Психологија

Како да ги фатите лажговците на дело?

Тоа и не е толку тешко и комплицирано доколку обрнете внимание на неколку работи:

1.Тонот на гласот– ќе им биде поинаков од вообичаениот. Во некои случаи, оној што лаже го подига тонот на гласот несвесно, а поретко има подлабок глас. Но во секој случај, гласот не им е ист кога не ја зборуваат вистината.

2.Воздржаност – лажливецот често користи фрази од типот „јас мислам“, „јас верувам“, „според мое сознание“ или нешто слично. На тој начин се обидува поголемиот дел од измислената приказна да го одржува нејасен и непрецизен.

3.Двоумење – откако ќе му поставите некое прашање на лажливецот, ќе забележите дека му требаат неколку моменти за да смисли соодветен одговор.

4.Ублажување – ќе користат „помек јазик“, односно ќе се обидуваат да ја омекнат самата тежина на ситуацијата. На пример, лажливецот наместо да каже „Не ја украдов чантата“, ќе каже „Не ја зедов чантата“.

5.Негативни емоции – лажливецот ќе користи зборови како „омраза, празно, тажно…“ несвесно искажувајќи ја својата вина.

6.Многу информации – за да ја увери жртвата во својата лага, лажливецот ќе се обидува да ја надополни со разни измислени работи и детали во врска со актуелната случка.

7.Неутралност – ќе избегнува да употребува лични заменки како „јас“ или „ние“ како да нема никаква врска со случувањето, ниту со луѓето што се вмешани.

8.Ги мешаат ситните детали – луѓето што ја зборуваат вистината имаат јасна слика за тоа што се случило, за разлика од лажливците кои лесно се „губат“ во ситните детали на својата измислена приказна. Едно ќе кажат, а потоа нешто сосема друго, затоа што не се сеќаваат што кажале претходно.

Лагите можат да се препознаат и по други работи. Кога некој нагло реагира на поставено прашање, ненадејно свртувајќи ја главата, можно е на тој начин несвесно да открие дека не ја говорел вистината. Во моментот на искажување лага, дишењето се менува и станува подлабоко затоа што срцето чука побрзо, со што се јавува недостиг на кислород.

Неприродното мирување – заземање став како „статуа“ исто така открива дека некој лаже, затоа што на тој начин открива дека не е опуштен.

Допирањето на носот или на усните е уште еден од знаците дека некој веројатно ја „заобиколил“ вистината – како преместувањето на тежината од една нога врз друга, иако тоа може да значи и дека некој се досадува (што пак може да биде вид измама затоа што „глуми“ дека е заинтересиран, а не е така). И зјапањето во нечии очи без трепкање може да открие ноторен лажливец, додека „аматерите“ најчесто избегнуваат директен поглед во очите на оној што го лажат.

Извор:Факултети.мк

Evrotip
Евротип
To Top