Новости

Психологија

Како да размислувате како милионер

Ајде да се соочиме со тоа, ти сакаш да бидеш милионер. Јас  сакам да бидам милионер. Сите сакаме да бидеме милионери. Има доволно простор на врвот за сите што се спремни да станат. Па зошто не сме таму и како можеме да стигнеме ?

Од раѓање, родителите не учат на одреден начин на размислување. Можеби сте имале родители кои имале одлични работни места и ве научиле како да заштедите пари. Можеби сте имале родители кои ве научиле  дека најбитно е да завршите факултет и да најдете сигурна работа. Двата начини се просечни начини на размислување. Како што можеме да видиме, просекот нема да ни донесе богатство.

Додајте го фактот дека нашиот образовен систем е корумпиран и е во тотален неред. Средното училиште не нè учи како да правиме пари. Колеџот пак не учи како да работиме за некој друг и некој друг да направиме побогат.

Милионерите, особено оние кои сами почнале од нула и станале милионери, имаат поинаков начин на размислување отколку просечниот човек. Тие  го разгледуваат животот поинаку. Додека просечниот човек размислува краткорочно, милионерите размислуваат долгорочно. Тоа нè доведува до првата разлика меѓу еден милионер и просечниот човек.

Како да размислувате како милионер:

Ако седите цел ден и гледате Netflix тогаш не очекувајте да поседувате милиони. Ако спиете до доцна и се забавувате  24/7, не очекувајте да направите милиони. Вие треба да бидете личноста која ќе направи милиони.

Затворете си ги очите и визуелизирајте се како милионер. Како го започнувате денот? Што јадете, возите, облекувате? Каде живеете и како изгледа вашиот дом? Кој е во вашиот живот, или не во вашиот живот? Колку сте здрави? Буквално визуелизирајте го секој детал. Дури и парфемот што го користите и начинот на кој управувате со вашите пари. Потоа почнете веднаш да ги применувате овие особини.

Исто така треба да работите на вашите вредности. Милионерите живеат според нивните вредности. Ова им овозможува да живеат свој живот, а не некој друг. Земете лист хартија и напишете 20 вредности, потоа одберете 5 на врвот. И секој ден, наоѓајте начин да ги уживате тие 5 вредности.

Извор: inspirirajse.mk

GOLD
SN Finansii
To Top