Новости

Психологија

Кои се најлошите луѓе на светот?

Малку се луѓето кои толку добро и вистинито го опишале карактерот и карактеристиките на народите од овие простори. Покрај Иво Андриќ, тоа секако бил и Меша Селимовиќ.

Меша Селимовиќ бил еден од најдобрите познавачи на ликовите и менталитетот на народите од Балканот. Тој пишувал за нас без стегање и срам, пишувал баш онака како што нѐ гледал, а сите наши доблести и маани ги забележувал потполно отворено.

Пред околу половина век, тој дал свое мислење за подлизувачите, оние кои лицемерно се доворуваат и подлизуваат. Овој запис и после 50 години звучи актуелно и болно вистинито.

„Подлизурковци – тоа за мене се најлошите луѓе на светот, најштетни, најрасипани.
Тие ја поддржуваат секоја власт, тие и се власт, тие сејат страв без милост, без никаков обзир, тие се ладни како мраз, остри како нож, како кучиња се верни на секоја држава, како проститутки се неверни на секој поединец, тие се најмалку луѓе од сите луѓе. Додека постојат тие, нема да има среќа на овој свет, затоа што тие ќе уништат сѐ што е вистинска човечка вредност.“

skopjeinfo.mk

Студирајте на БАС
To Top