Новости

Психологија

Лоши навики што всушност покажуваат дека сте паметни

Веројатно неретко се срамите од вашите лоши навики, но она што не го знаете е дека тие можат да бидат и знак за вашата интелигенција!

Забошотување

Постојат илјадници книги што советуваат да се ослободите од навиката да ги одолжувате работите, но професорот Адам Грант тврди дека одолжувањето на работите не е само знак за мрзливост, туку и за нашата желба работите да ги извршуваме во вистинско време, пишува „Индипендент“. Со други зборови, одолжувањето може да ја подобри нашата креативност и да ни помогне да дојдеме до уште подобри идеи во споредба со почетните.

Во разговорот за „Бизнис инсајдер“, Грант како пример за личност што профитирала од одолжувањето на задачите го истакна Стив Џобс.

Доцнење

Хроничното доцнење може да им попречи на вашите лични и професионални односи, а вие може да оставите впечаток на неорганизирана личност која не го почитува туѓото време. Од друга страна, Дијана Делонзор, авторка на книгата Never Be Late Again, тврди дека постојаното доцнење и не е така лоша навика.

Луѓето што постојано доцнат навистина се надеваат и го очекуваат најдоброто, што во секојдневниот живот може да се покаже како меч со две сечила.

Поплаки

Никој не сака да биде личност што постојано се жали на нешто, но во некои случаи нема од што да се срамите. Истражувањето објавено во списанието „Атлантик“ покажало дека луѓето што се жалат со одредена цел, всушност, се посреќни од оние што само си ги кажуваат маките.

Ако мора да се пожалите на нешто, постои начин како да го направите тоа, а да не го влошите проблемот и луѓето да не почнат да ве избегнуваат.

Ефикасната жалба има три нивоа: првото е олеснување кога некому ќе кажете што ве мачи, второто е претставување на проблемот на начин кој не е напаѓачки и третото, на лицето пред кое се жалите треба да му ставите до знаење дека секој негов потег што ќе биде насочен кон решавање на проблемот ќе биде добредојден.

Џвакање гума за џвакање

Непристојно е да се џвака во текот на разговор за вработување, но кога сте сами, тоа може да ве опушти и да ја зголеми вашата продуктивност.

Неколку студии покажале дека џвакањето гуми за џвакање помага да се фокусираме, а една студија докажала и дека луѓето што џвакаат подобро поминуваат на тестовите за мерење интелигенција. Други истражувања покажаа дека се подобрува и расположението и се намалува нивото на хормонот на стрес – кортизолот.

Неуредност

Ако вашата работна маса изгледа како купишта хартија, можеби е време да ја средите, но немојте да се чувствувате лошо поради тоа. Последните истражувања покажале дека неуредните луѓе се поуспешни затоа што редот што им недостига на работната маса го бараат на други, вистински места.

Шавање

Иако не е препорачливо во текот на состанокот со шефот да шавате во столот, да тропате со нозете и да ги „кршите“ прстите, сето тоа ви помага да го зачувате здравјето. Верувале или не, една студија покажа дека жените што шаваат на работа подолго живеат од жените што не го прават тоа.

Озборување

Истражувањата покажале дека малку озборување ни помага да се чувствуваме подобро.

Една студија покажала дека срцето чука забрзано кога сметаме дека издаваме нечија доверба. Во истражувањето испитаниците можеле да им дадат белешки за што било на другите, а половината од нив пишувале трачеви кои научниците ги означиле како „просоцијални“.

Фантазирање

Пред седум години било објавено истражување кое тврдело дека фантазирањето нè прави несреќни, но други истражувања пак покажуваат дека пет минути „скитање“  на мислите може да нè направи попродуктивни и покреативни. На пример, едно истражување објавено во „Харвард бизнис ревју“ покажало дека 12-минутно фантазирање во текот на работењето комплицирана задача може да помогне за побрзо наоѓање соодветно решение.

Употреба на помодарски зборови и изрази

Можеби звучи непрофесионално ако пречесто се користат, но „Кварц“ пишува дека лицата што ве слушаат подобро ве разбираат и запомнуваат што сте им кажале.

Извор:факултети.мк

GOLD
SN Finansii
To Top