Новости

Психологија

Писмото на една баба: Секој здив е дар од Бога!

За некои луѓе, животот е трка. Трка за унапредување на работа, трка за совршено тело, трка за празнични распродажби…Во тој свет на лудило, често не пронаоѓаме ни миг за да здивнеме, да погледнеме околу себе и едноставно да видиме колку животот е убав!

Може да се случи ова прекрасно чувство на хармонија никогаш да не го почуствувате, или пак да дојде многу доцна. На пример, во својата 83-та година. Bright Side пронајде прекрасно писмо на една баба до својата пријателка, со преубави лекции кои треба да ги разбереме и да ги усвоиме што побргу, за животот да не помине покрај нас!

Последната реченица, испринтајте си ја и ставете ја на видно место, за да ве потсетува секојдневно дека – животот е убав, треба да уживаме во секој негов миг!

„Драга моја Берта,

Сега повеќе читам, а помалку бришам прашина. Седам во дворот и му се восхитувам на погледот на природата, но не се грижам за тревата која порасна во градината. Работам помалку, повеќе се дружам со моето семејство.

Секогаш кога е можно, животот треба да биде модел на искуства во кои ние уживаме, а не да страдаме од нив. Се обидувам да ги препознаам овие моменти и да ги ценам.

Веќе ништо „не чувам“ – ги користам најубавите чинии и кристалните чаши во секоја посебна пригода, како што е изгубен килограм, успешното одзатнување на мијалникот, првиот цвет на Амарилис оваа сезона. Го носам мојот најубав џемпер до продавница. Ако изгледам убаво, полесно ќе поднесам дека потрошив скоро 30 долари на мала кеса намирници.

Повеќе не го чувам мојот најубав парфем парфем за годишната забава. Јас го носам и кога одам во продавница, и на пошта и во банка. “Еднаш” и “За тој повод” го губат своето значење во мојот вокабулар. Ако нешто вреди да се види, слушне или да се прави, сакам да го гледам, слушам и да го правам тоа сега.

Не знам што би направиле другите ако знаат дека утре, кое го земаме здраво за готово, веќе не може да не се раздени. Претпоставувам дека ќе ги поканат членовите на семејството и неколку пријатели. Можеби ќе повикаат неколку поранешни пријатели и ќе им се извинат за некои грешки од минатото. Или можеби ќе одат во кинески ресторан или некаде каде што им се служи нивната омилена храна. Претпоставувам дека никогаш нема да дознаам.

Сите овие се некои мали работи кои ме лутат, бидејќи знам дека моето време е ограничено. Лута сум затоа што не ги напишав писмата што планирав да ги напишам. Лута сум и жал ми е што не му зборував на мојот сопруг и на родителите доволно за тоа колку навистина ги сакам. Се обидувам да не задржувам, да не оставам, да не чувам за подоцна нешто што ни носи многу смеа и среќа во животот.

Секое утро кога ги отворам очите, си велам дека ова е уште еден посебен момент. Секој ден, секоја минута, секој здив е дар од Бога.

Можеби нашиот живот се претвори во песна која не сме сакале да ја слушаме. Но, сè додека сме тука, сè уште можеме да танцуваме “, напиша во писмото бабата.

 

Студирајте на БАС
To Top