Новости

Психологија

Поучна приказна која ќе ве замисли: Приказна за старецот кој продавал јајца

Изминатите денови на социјалните мрежи се споделува една приказна, која секого го тера на размислување. Треба да се запрашаме, дали се чувствуваме среќни кога некого понижуваме, или кога некого усреќуваме? Гордоста го затвора срцето и умот, а тогаш светот го гледаме низ призмата на тоа кој е посилен и помоќен. Прочитајте ја прикзната:

Една жена го праша старецот: “Колку ги продаваш јајцата?”
Стариот продавач и одговорил: “6 денари јајце, госпоѓо.
Таа му рече: “Ќе земам 6 јајца за 30 денари или ќе заминам”.

Стариот продавач одговорил: “Дојдете да ги земете по цената што ја сакате. Можеби ова е добар почеток, бидејќи денес се уште не сум продал ниту едно јајце.

Таа ги зеде јајцата и си замина со чувството дека победила. Влезе во нејзиниот скап автомобил и отиде во еден убав ресторан со нејзиниот сопруг. Таму таа и нејзиниот сопруг нарачаа што им душа посака. Од нарачаното изедоа дел, додека поголем дел оставија. Потоа отидоа да ја платат сметката. Нивната сметка беше 1400 денари. Таа остави 1500 денари и му порача на сопственикот на ресторанот да го задржи кусурот.

Овој настан можеби изгледа сосема нормален за сопственикот, но e многу болен за сиромашниот продавач на јајца.

Поентата е,
Зошто секогаш покажуваме дека имаме моќ кога купуваме од сиромашните? И зошто ние сме великодушни со оние кои дури и не им треба нашата великодушност?

Јас еднаш прочитав некаде:
“Татко ми често купуваше обични производи од сиромашните луѓе по високи цени, иако не му требаа во тој момент. Понекогаш дури и плаќаше повеќе за нив. Јас бидејќи бев загрижен заради оваа негова навика го прашав зошто го прави тоа? Тогаш тој ми одговори: “Тоа е добротворност обвиткана со достоинство, мое дете”

Ако сметате дека луѓето треба да го видат ова, тогаш ширете ја оваа поучна приказна.

GOLD
To Top