Новости

Психологија

Психички феномени: Сомнамбулизам или месечарење

Месечарењето е нарушување на спиењето за кое се зборува најмногу. Речиси секој има приказна за личност што месечари која најчесто е навистина смешна. Поради ова луѓето мислат дека месечарењето е само некоја интересна состојба, но тоа може да биде навистина опасно нарушување. Не само што е опасно за личноста која месечари, туку претставува опасност и за луѓето во куќата. Будењето на некој што месечари може да биде проблематично, особено ако не го направите правилно. За да ја зачувате безбедноста кога будите месечар, важно е да ги знаете следниве работи.

Што е месечарење?

Месечарењето е нарушување кое обично со случува кога личноста е во длабок сон. Месечарите се физички активни како да се будни и често зборуваат, седат и ја разгледуваат собата. Исто така може да одат, па дури и да возат автомобил додека спијат.

Дали месечарењето е опасно?

Може да бие навистина опасно и тешко да разбудите некој кој месечари. Месечарите обично стануваат насилни или агресивни кога се обидувате да ги разбудите. Но понекогаш мора да го направите тоа, особено ако претставуваат опасност за себе или за другите.

Како правилно да разбудите месечар?

Секогаш обидете се да разбудите месечар пред тој да се обиде да направи нешто опасно. Постојат неколку чекори за тоа.

1.Обидете се да ги запрете без да ги разбудите

Ако е возможно, обидете се да не го будите месечарот. Нежно свртете го и вратете го назад во кревет. Најдобро е да го направите ова без да користите премногу физички контакт, и останете со личноста сè додека не се врати во креветот.

2.Останете со нив

Ако е невозможно да го вратите месечарот во кревет, останете со него додека шета наоколу. Евентуално сам ќе се врати во креветот. Ако не се случи тоа, вие ќе бидете присутни за да не си наштети себеси или на некој друг.

3.Не ги допирајте премногу

Додека му помагате на месечар, избегнувајте го физичкиот контакт. Ако го допирате премногу можете да го исплашите и да стане агресивен.

4.За будење користете врева

Ако мора да го разбудите месечарот, не правете го тоа со физички контакт. Наместо тоа, користете врева за да го разбудите на поприроден начин. Голема е веројатноста дека ќе се исплаши, па стојте на безбедно растојание додека не се разбуди целосно.

5.Објаснете што се случило

Кога месечарот ќе се разбуди, често може да биде исплашен, збунет и дезориентиран. Обично нема да знае дека месечарел. Полека кажете му дека сè е во ред и дека месечарел, а потоа одговорете на неговите прашања.

Како да го спречите месечарењето?

Ако вие или некој што го знаете е месечар и сака да се ослободи од тоа, постојат неколку работи што можете да ги направите. Најдоброто решение е да создадете рутина за спиење, да се осигурете дека собата е безбедна (отстранете ги острите предмети и заклучете ги вратите и прозорците) и инсталирајте аларм на вратата.

Кога да посетите лекар?

Ако сте загрижени за вас или за некој што месечари, посетете лекар во кое било време. Тој ќе ви даде совет и ќе ви помогне да се справите со проблемот.

Извор: Кафепауза.мк

 

GOLD
To Top