Новости

Психологија

Психо вежба: Ако имате само уште 10 минути од животот, што би направиле?

Има уште 10 минути пред нуклеарен удар. Нема каде да се скриете. Ова не е вежба. Што ќе направите?

Кој прв ќе ви падне на памет? Што ќе направите, ќе заплачете, ќе паничите, ќе бегате, ќе повикувате луѓе и ќе им изјавувате љубов? Страшно е кога околу 8 часот наутро ви пристигнува СМС-порака дека ракети со боеви глави летаат кон вас. Грешката на еден работник што притиснал копче за време на вежба ја покажува немоќта на еден граѓанин – целата суровост на играње со човечката психа и беспомошност. Оние што ги преживеале страшните настани од војни во 20 век знаат што значи страв од бомби од непознат правец, но уште никој не знае што значи напад со нуклеарно оружје.

Стравот е прилично заразна болест, а масовната хистерија не е нешто комплетно невозможно. Во 1688 година се случило нешто што се преведува како „ирски страв“. Со голема брзина се проширила веста во делови на Велс и во Англија дека ирските војници ги палат и масакрираат англиските градови предизвикувајќи паника од огромни размери. Се утврдило дека се работи за подметната вест, но секако тој момент бил вистински кошмар за беспомошните луѓе. Во периодот помеѓу 1017 и 1518 година во делови на Германија, Швајцарија, Франција се случила масовна хистерија – луѓето верувале дека ако танцуваат и скокаат, ќе исчезнат симптомите. Почнувале и да умираат од исцрпеност.

По терористичките напади, пак, луѓето на аеродромите и на улиците од градовите каде што се случиле напади постојано се напнати и несигурни, а и секој пакет, секој човек со торба или возач на камион станува сомнителен. Психоаналитичарите кажуваат дека човечкото однесување се сведува на 2 основни движечки сили – самоодржување и сексуалност. Паниката е верзија на реакција на страв од толкава јачина што остава впечаток дека никаква акција и која било ментална функција не може да помогне. Паниката има и својство на „емоционална зараза“ бидејќи не остава простор за размислување и тестирање на реалноста, туку реакција за бегство по секоја цена.

Психолозите велат дека низ историјата, за нереалните хистерии причини биле психолошкиот стрес и анксиозноста, а најчесто во прашање биле болни и гладни групи на луѓе. Кај секој вид страв е тешко да се предвидат реакциите, но главно се работи за чувство, односно потреба за преживување. Во ситуации како катастрофи, природни или нуклеарни, односно сепарација од светот каков што го познаваме, доведува до желба за контакт со блиските, што се должи на потребата во таква живото-загрозувачка ситуација човекот да не биде сам.

Извор: Факултети.мк

To Top