Новости

Психологија

Ретко познати психолошки факти

Психолошките истражувања сумираат интересни факти за човековото однесување, мотивација и комуникација. Некои од нив се интересни за дискусија. Дали се согласувате со нив?

– Секое пријателство воспоставено во периодот меѓу 16 и 28 години е повеќе веројатно да биде значајно и долготрајно.

– Жените генерално преферираат мажи со длабоки и рапави гласови, бидејќи делуваат посигурно и не агресивно.

– Начинот на комуникација повеќе влијае врз расположението, отколку што емоциите влијаат врз начинот на комуникација.

– Луѓето кои даваат најдобри совети обично се оние кои имаат најмногу проблеми.

– Колку е интелигентна личноста, толку побрзо мисли, а нејзиниот ракопис е понеуреден.

– Начинот на кој еден човек го третира персоналот во ресторан, открива многу за неговата личност.

– Луѓето кои имаат силно чувство на вина подобро ги разбираат размислувањата и чувствата на другите луѓе.

– Мажите немаат подобра смисла за хумор од жените: тие само кажувааат повеќе шеги, не грижејќи се дали другите луѓе го прифаќаат нивниот хумор или не.

– Срамежливите луѓе малку зборуваат за себе, но тоа го прават на начин кој прави другите да се чувствуваат како добро да ги познаваат.

– Жените имаат двојно повеќе рецептори за болка во нивните тела отколку мажите, но имаат многу поголема толеранција на болка.

– Слушањето музика со висока фреквенција прави да се чувствувате смирени, опуштени и среќни.

– Ако не можете да го запрете текот на мислите навечер, станете и запишете ги. Ова ќе го смири вашиот ум за да може да заспиете.

– Пријатните текстуални пораки наутро и навечер го активираат делот од мозокот кој е одговорен за чувство на среќа.

– Вршењето на нешта кои ве плашат, ќе ве направи посреќни (*не експериментирајте сами со нешта кои предизвикуваат преголем страв кај вас).

– Просечното време на жената да задржи тајна е 47 часа и 15 минути.

– Луѓето кои се обидуваат да ги направат сите среќни, често завршуваат со чувство на осаменост.

– Колку сте посреќни, толку помалку имамате потреба од спиење.

– Кога држите за рака некој близок помалку чувствувате болка и помалку се грижите.

– Надпросечно интелигентните луѓе имаат тенденција да се дружат со помалку пријатели, отколку просечно интелигентните луѓе. Колку е попаметната личноста, толку станува поселективна.

– Бракот со вашиот/та најдобар/ра пријател/ка го намалува ризикот за развод од над 70%. Овој брак е поверојатно да трае цел живот.

– Жените кои имаат повеќе машки пријатели почесто остануваат во добро расположение.

– Луѓето кои зборуваат два јазика може несвесно да ги променат своите личности кога се префрлуваат од еден јазик на друг.

– Да се биде сам подолго време е толку штетно за вашето здравје како пушењето 15 цигари дневно.

– Патувањето го подобрува здравјето на мозокот и исто така го намалува ризикот од срцев удар и депресија.

– Луѓето изгледаат попривлечно кога зборуваат за она што навистина ги интересира.

– Кога две лица разговараат, а едно од нив малку ги свртува стапалата на спротивна страна од соговорникот или постојано ја префрла едната нога во друга насока, претставува силен знак на несогласување и желба за заминување.

– Трошењето пари на другите ве прави посреќни отколку трошењето пари за себе.

 

GOLD
To Top