Новости

Психологија

Утрински навики за совршено утро

Утрото е важно. Ако сакате да го поминете целиот ден продуктивно и да ги сработите предвидените работи, започнете го денот со вистинско темпо.
Има денови кога се будите доцна и тогаш ништо не ви изгледа како што треба. Прескокнувате доручек, заглавувате во сообраќајот, доцните  и тогаш вашиот шеф ве погледнува со презир. Вие сте гладни бидејќи сте го пропуштиле појадокот, а истовремено има еден куп работа што ве чека.
Не е тешко да се пребродибурниот ден само затоа што ви се урнало утрото.

Кога ќе научите како да преземете контрола, ќе имате подобри денови. Еве неколку предлози за тоа што можете да направите за да отпочнете одлично и продуктивно утро.

1.Вежбајте

Една од клучните активности на најуспешните луѓе во утринските часови е вежбањето. Ако успешните луѓе кои се крајно зафатени создават време за да вежбаат, тогаш тоа мора да биде нешто важно за нив. Оттука, кој е вашиот изговор?

Многу студии и истражувања докажаа дека вежбањето не е само добрo за вашето здравје, туку исто така го подобрува расположението и ги зголемува нивоата на енергија. Кога го движите вашето тело,  ги растегнувате вашите мускули, го зголемувате срцевиот ритам и внесот на кислород. Како резултат на тоа, ќе се чувствувате поенергично.
Создадете навика да вежбате наутро пред да го започнете вашиот ден. Тоа ќе ви овозможи да имате поголема енергија и подобра фокусираност во текот на целиот ден.

2.Негувајте го вашето тело со здрав појадок

Точно е дека повеќето луѓе се зафатени, особено оние кои живеат во големите градови. Сепак, ова не значи дека треба да го прескокнете вашиот доручек. Откако ќе се разбудите, ако не го нахраните телото и продолжете да се брзате во текот на денот, погодете што ќе се случи? Може да се чувствувате уморни, да ви е тешко да се фокусирате и да имате неможност да завршите со работата, бидејќи сте гладни.
Појадокот го прилагодува вашиот метаболизам и го дефинира темпото на целиот ден. Вие може да бидете многу попродуктивни откако ќе го изедете вашиот здрав оброк. Тоа ќе го подобри вашето расположение, концентрација и продуктивноста.

3.Планирајте го вашиот ден

Ако сакате да ја преземете контролата врз вашето утро и да живеете подобар живот, мора да научите да планирате. Вистина е дека работите не секогаш можат да поминат според нашиот план, но имајаќи план е подобро отколку воопшто да го нема.

Јасност е моќта. Кога точно знаете што треба да направите, можете веднаш да скокнете во задачата без да губите време.
Кога знаете што да направите, тогаш сте одговорни и се движите на вистинскиот пат. Ги разбирате приоритетите и знаете кое е најважното нешто што треба да се направи.

4.Најважната задача сработете ја прва

За повеќето луѓе, утрото е моментот кога имате највисока волја. Затоа ова е најдобро време да се завршат приоритетните работи.
Кога ќе знаете дека сте ја направиле најважната работа, вашата самодоверба ќе се зголемува и ќе можете да го поминете денот во подобро расположение. На крајот на краиштата, сте ги направиле основните задачи и сте го искористиле до максимум вашиот ден.

5.Разбудете  се исклучително рано

Еден најефикасните начини да ја преземете контролата над вашето утро е да се разбудите навистина рано. Успешните луѓе разбираат дека времето е непроценливо средство. И затоа тие секогаш се будат многу рано. Утринските часови се најпродуктивните часови, бидејќи нема што да ви го одвелече вниманието – и никој не ве вознемирува во тој час.
Кога ќе станете рано вие добивате повеќе време да се подготвите за работниот ден. Сепак, не е важно колку рано ќе станете, туку како ќе го поминете тој период од неколку часа.
Доколку го започнете вашиот ден на одличен начин, така ќе се одвива и остатокот од вашиот ден.

inspirirajse.mk

GOLD
To Top