Новости

Психологија

9 работи кои ќе ве направат посреќни во животот

Да се биде среќен, не треба да биде ваша “амбиција” на долг рок. Можете да започнете токму сега во овој момент.

Пробајте да направите колку што можете повеќе нешта од следните предлози подолу. Не само што ќе ја зголемат вашата среќа туку самиот факт дека сте постигнале одредени конкретни цели ќе го зголемат вашето расположение.

1. ЗГОЛЕМЕТЕ ГО НИВОТО НА АКТИВНОСТ ЗА ДА ЈА ЗГОЛЕМИТЕ ЕНЕРГИЈАТА

Качувајте се по скалите наместо да користите лифт. Додајте повеќе енергија во вашиот глас. Направете брза 10 минутна прошетка…

2. ПРОШЕТАЈТЕ

Истражувањата покажуваат дека светлината ги стимулира мозочните хемикалии кои го подобруваат расположението. За дополнителен поттик, едно од првите нешта што ќе ги направите наутро е да ја искористите сончевата светлина.

3. ОДРЖУВАЈТЕ ГИ ВРСКИТЕ ИЛИ СОЗДАЈТЕ НОВИ

Јавете му се или пишете му на некој пријател кој не сте го виделе долго време или створете ново познанство. Одржувањето на пријателските врски е еден од најважните фактори за среќа.

4. ОСЛОБОДЕТЕ СЕ ОД ДОСАДНАТА ЗАДАЧА

Решете го проблемот со осигурувањето, купете нешто што ви е потребно… и конечно одете на стоматолог. Правењето на нешто што долго сте го одложувале ќе ви донесе наплив на среќа.

5. КРЕИРАЈТЕ СПОКОЈНО ОКРУЖУВАЊЕ

Надворешниот ред придонесува за внатрешен мир, па одвојте малку време за организирање на сметките или расчистување на купот чинии во кујната.

6. НАПРАВЕТЕ НЕКОЕ ДОБРО ДЕЛО

Одвојте некоја минута за да му дадете некому корисна информација која му е потребна или пофалете некого, помогнете му на колегата кој “заглавил” со некоја задача…

7. СПАСЕТЕ НЕКОМУ ЖИВОТ

Дарувајте крв кога можете, тоа може да спаси нечиј живот!

8. ОДНЕСУВАЈТЕ СЕ КАКО ДА СТЕ СРЕЌНИ ПОСТОЈАНО

Никој не е среќен постојано, но однесувајте се како да сте среќни (дури и тогаш кога не сте) се додека не почувствувате среќа навистина. Истражувањата покажале дека дури и лажната насмевка предизвикува зголемување на расположението. Кога се смеете луѓето ќе ве доживуваат како попријателски настроени и попристапни луѓе.

9. НАУЧЕТЕ НЕШТО НОВО

Потрошете 15 минути на интернет да прочитате за некоја тема која навистина ве интересира или одете до книжара и купете книга. Но бидете искрени! – Изберетте нешто што навистина ве интересира, а не нешто што “треба” или “мора” да го научите.

Се покажало дека среќните луѓе се по здрави, по продуктивни, по симпатични, по пријатни и повеќе склони да им помагаат на другите луѓе.

Среќата е во малите нешта околу нас, па затоа радувајте им се на малите нешта!

omni.mk

Студирајте на БАС
To Top