Новости

Технологија

ВИДЕО: Прикажани новите Galaxy S9 и S9+ со бројни одлични новости

На еден ден пред почетокот на Mobile World Congress во Барселона, јужнокорејски Самсунг ги претстави своите најнови и најголеми адути на пазарот за паметни телефони – новите Galaxy S9 и S9+.

Под мотото „Камера. Целосно нова“, новите Galaxy S9 и S9+ потсетуваат на своите претходници од осмата генерација, но под навидум „стандардниот“ изглед, Самсунг крие бројни одлични новости.

Со деветата генерација, Самсунг го промени концептот, и наместо првенствено на телефонирањето, акцентот кај Galaxy S9 и S9+ е ставен врз камерата, па така може да се каже дека новите телефони се всушност фантастични камери врз кои е изграден еден паметен телефон.

Сето тоа на самиот почеток на претставувањето на телефоните всушност го нагласи и Ди Џеј Кох кој што истакна дека е променет начинот на кој што луѓето ги користат паметните телефони – тие повеќе не се уреди само за разговарање, туку фотографиите и видеата ги замениле зборовите.

Моќни адути…

Благодарение на вештачката интелигенција, Самсунг го создаде системот наречен “SmartThings” кој што го олеснува поврзувањето на уредот во еден заеднички систем за размена на информации, што значи дека прилично лесно со новите Galaxy S9 и S9+ ќе може да се испрати наредба до, на пример, паметниот фрижидер.

Уште една новост е сензорот кој што е развиен на Универзитетот во Сан Франциско, кој што всушност е оптички сензор кој што ја следи работата на срцето и го мери крвниот притисок на корисникот.

Секако – камерата. Новите Galaxy S9 и S9+ доаѓаат со задната Super Speed Dual Pixel камера со резолуција од 12 мегапиксели и AF сензор со OIS (F1.5/F2.4) кој што блендта на камерата ја прилагодува на моменталната светлина. Благодарение на новиот процесор, камерата може да обработува до 4 пати повеќе податоци и да отстрани било какви неправилности на фотографијата.

Покрај тоа, овозможена е и опцијата “Super Slow-mo”, односно забавено снимање на исечоци, па секое случување да изгледа „спектакуларно“.

https://www.youtube.com/watch?v=5_-NKRVn7IQ

Ги послушаа корисниците…

Од Самсунг велат дека ги послушале советите и критиките на корисниците, па затоа сензорот за отпечатоци на прсти го сместиле на задната страна веднаш под камерите. Исто таа, за безбедноста покрај читачот се грижи и уште еден интелигентен скенер кој што се прилагодува на потребите на корисниците и во зависност од ситуацијата, нуди отклучување со препознавање на лицето или очите.

Покрај тоа, Самсунг ги претстави и AR Emoji – односно можност за создавање на персонализирано емоџи од сопствените фотографии, а потоа тоа да се споделува на социјалните мрежи.

Посебен акцент исто така е ставен и на Bixby кој што по барање на корисниците, сега многу полесно и понапредно со користење на проширената реалност, може да ги преведува натписите и текстовите во реално време.

Корисниците кои што уживаат во гледањето на видео содржини и слушањето на музика можат да бидат уште позадоволни – Самсунг кај новите Galaxy S9 и S9+ ја зголеми светлината на екранот за содржината да биде видлива и во услови на високо осветлување, а додадени се и стерео AKG звучници со поддршка на Dolby Atmos за да се создаде звучен ефект од 360 степени.

Новите Galaxy S9 и S9+ доаѓаат со Андроид 8 оперативен систем, 10 nm, 64 битен осумјадрен процесор (2.8 GHz Quad + 1.7 GHz Quad). S9 пристигнува со 4 GB RAM, а S9+ со 6 GB RAM меморија. Исто така, овозможено е проширување на интерната меморија до 400 GB благодарение на слотот за microSD мемориска картичка.

S9 пристигнува со батерија со капацитет од 3000 mAh, додека пак S9+ со батерија со капацитет од 3500 mAh. Двата уреди поддржуваат бежично полнење, односно брзо полнење со помош на класичните полначи.

 

 

 

 

Извор: Зазабава

GOLD
To Top