Новости

Технологија

(Видео) Ново руско оружје: Развиваат „робо-топки“ за воените операции

Русија развива нова генерација т.н. „робо-топки“ кои ќе ги употребуваат во воените операции. Нивното официјално име е „Сфера“, а војниците би требало да ја фрлаат на за нив недостапни места со цел даа добијат аудио и видео снимки.

Секоја „Сфера“ чини околу 20.000 евра, опремена е со четири видео камери, ЛЕД светло, микрофон и предавател. Фотографиите, видео и аудио снимките може да се испраќаат на далечина најмногу до 50 метри, а ќе работи на температури од минус 20 до плус 45 степени.

„Сферите“ првпат се тестирани во Сирија после што воените официјални лица одлучија деја е потребно да се направат некои подобрувања на наредните модели.

„Робо-топките“ се дел од стратегијата на создавање на паметна воена опрема. Се смета дека може да биде најефективна во урбаните воени зони каде е потребна борба за секоја улица.

Студирајте на БАС
To Top