Новости

Технологија

Еве што има ново на „Вибер“

„Вибер“, една од водечките глобални апликации за размена на податоци, претстави нов комплет ажурирани функции.

Измените се однесуваат на четот и овозможуваат администраторите на групните четови да можат да издвојат одредени пораки, да испратат групни одговори и да креираат листи за објава кои овозможуваат истата порака да им се испрати на повеќе приматели на нивниот приватен чет.

Издвоените пораки им овозможуваат на администраторите на групните четови да постават одредена порака на врвот на екранот – за најважната содржина да може да биде постојано достапна за учесниците во дебатата. Тие се издвојуваат со својата виолетова заднина и континуирано остануваат на врвот, без оглед на продолженото разменување на пораки во рамките на четот, што ги прави практични за пласман на објави, потсетници и повици за дискусија.

Тие се ефикасно средство за администраторите кое им овозможува успешно водење на групните четови, а истовремено на учесниците им обезбедува можност да издвојат и да сочуваат особено важни пораки. Секоја порака од четот може да се издвои со подолг притисок врз неа – и ќе остане издвоена сè додека администраторот не одлучи да ја тргне од селекцијата на издвоените пораки или сосема да ја избрише.

Дополнително подобрување кај групните четови е и опцијата да може да се одговори на определени пораки – без да се наруши природниот тек на разговорот. Со подолг притисок врз која било порака, а потоа со избор на опцијата „Одговори“, пораката што е означена како одговор ќе стигне до селектираното лице за кое е наменета, иако целиот разговор природно се развивал, без одговорот да е видлив за другите учесници во четот.

Листите за објава им овозможуваат на корисниците да проследат иста порака до поголем број приматели на нивниот приватен чет. Оваа функција е создадена како алтернатива за создавање групи од неповрзани учесници, за да се испрати масовна порака до сите, и штеди време кое би се потрошило ако се испраќа до секого поединечно.

Кога еднаш ќе биде составена листата за објава, може да се сочува во пописот на четови на корисникот, штом првата порака ќе биде проследена до примателите. Тие ќе ја регистрираат пораката на нивните приватни четови заедно со испраќачот, како да се работи за единечна порака која им е испратена само ним. Ако испраќачот и примачот немаат некаков претходен приватен чет, тој автоматски ќе се воспостави на овој начин. Корисниците можат да ги именуваат своите листи на објави, како и да додаваат или да отстрануваат нови приматели. Само примателите што имаат сочуван број на испраќачи во својот адресар ќе можат да примаат пораки испратени преку листите за објава.

 

 

СН Финансии
To Top