Новости

Технологија

Коосновачот на Епл, Стив Вознијак нема да го купи новиот iPhone X

Коосновачот на Епл, Стив Вознијак својата репутација и богатство ги стекна развивајќи ги Епл 1 и Епл 2 компјутерите. Тој никогаш не се воздржувал да ја искритикува компанијата секој пат кога ќе добиел впечеток дека свртуваат од курсот кој го поставил нејзиниот основач Стив Џобс.

Познат како љубител на  iPhonе, изгледа дека iPhone X ќе биде прв телефон кој нема да го купи.

-Подобро ќе чекам и само ќе го гледам овој модел. Целосно сум задоволен со својот iPhonе 8, кој е ист како седмицата, која е иста како шестката, изјавил за  CNBC.

Откако ги слушнал неговите забелешки, извршниот директор на Епл, Тим Кук, веднаш на Вожњак му испратил еден бесплатен примерок.

И покрај тоа што на почетокот му се допаднал, Вожњак по неколку недели го променил  мислењето.

На телефонот имало една работа која била спротивна на интуитивното корисничко искуство на кое сопствениците на iPhonе навикнале.

-Копчето за вклучување на телефонот од страна може да извршува различни функции ако го притиснете брзо или двапати, и повторно нешто поинаку ако го притиснете три пати. А, ако се обидете да ги користите тастерите за зголемување или намалување на звукот, секој допир повторно може да активира различна функција. Тоа воопшто не ми се допаѓа“, изјавил Вожњак.

 

 

 

GOLD
To Top