Новости

Технологија

Направете место за „iSIM“ – „SIM“ картичките заминуваат во историјата

Замената за SIM-картичката ќе биде интегрирана директно во процесорот затоа што зазема помал простор дури и од технологијата eSIM, каква што користи паметниот телефон на „Гугл“, „Pixel 2“, и паметниот часовник на „Епл“, „Watch 3“.

Концептуално, „iSIM“ не се разликува драстично од „eSIM“, но е радикално помала.

Додека „eSIM“ зазема површина во внатрешноста на паметниот телефон од 6х5 мм, „iSIM“ може да се смести на површина од 1х1 мм.

Воведувањето на „iSIM“ би можело да ослободи место за повеќе РАМ-мемории или поголема батерија во паметните телефони, но и во преносните уреди и таблетите.н

На таквите картички, во теорија, би требало да биде возможно побезбедно складирање контакт-податоци, поставки од операторите и други корисни податоци и синхронизирање со складиштата на компјутерските „облаци“.

Освен тоа, корисниците не би морале повеќе да се оптоваруваат со употребата на традиционалните „SIM“-картички, производителите би имале помали трошоци, бидејќи не би морале повеќе да ги произведуваат, додека уредите би можеле да станат поотпорни на влијанието на влагата и прашината.

GOLD
To Top