Новости

Технологија

Наскоро гласовни и видео повици на „Инстаграм“

Популарната социјална платформа „Инстаграм“ наскоро ќе објави нова функција за видео и гласовни повици која ќе ја зголеми функционалноста на апликацијата и ќе излезе од традиционалниот фотоцентричен формат, пренесе ТекКранч.

Во мрежата се појавија информации од AПK датотека, што содржи неколку икони и други референци кои укажуваат на нови функции. Сите тие носат имиња „voice call“ и „video call“, што е повеќе од доволно за да се претпостави што не очекува.

„Снапчат“, кој е најголемиот конкурент на „Инстаграм“, сега нуди гласовни и видео повици, па нивната појава тука е сосема логичен тек на настаните. Најверојатно, кога функцијата ќе почне да функционира, ќе биде достапна во „Директ“ – апликацијата за соопштенија на „Инстаграм“

Ова ги зајакнува неодамнешните гласини дека социјалната мрежа веќе ја тестира оваа функција, но се чини дека тоа се случило само во рамките на компанијата.

Во моментов „Инстаграм“ е втората најпопуларна социјална мрежа во САД по „Фејсбук“, во чија сопственост е.

GOLD
GoldSlot
To Top