Новости

Технологија

Познатата „Банана“ на Нокиа од филмот „Матрикс“ се враќа на пазарот

Се враќа познатиот Nokia банана телефон, односно Nokia 8110, кој се прослави во првиот The Matrix филм. Телефонот го издава HMD Global, која се обидува да ја врати старата слава на брендот правејќи нови модели, но и „оживувајќи“ стари модели во подновено издание. Оригиналната верзија на Nokia 8110 се појави во 1996-та година, а новото издание е презентирано на годинешното Mobile World Congress кое се одржува во Барселона. Телефонот е достапен во жолта и во црна боја. Цената ќе биде 79 евра, а ќе биде достапен на пазарот во мај.

Телефонот ќе има можност за користење на 4G интернет, ќе го користи Kai оперативниот систем, а компанијата соработува со Google и Facebook за да ги донесе нивните апликации во овој тип на телефон.

bold.mk

Evrotip
Евротип
To Top