Новости

Технологија

Самсунг најавува телефон чиј екран може да се витка

Телефоните со екрани кои се виткаат со години постојат само во теоријата, но изгледа дека работите наскоро ќе се променат.

Иако целото внимание минатата недела беше насочено на Епл кој претстави три нови модели, во Самсунг веќе планираат следен чекор.

Само неколку часа пред Епл да ги претстави моделите, Самсунг најави дека следната година сакаат да пуштат во продажба телефон чиј екран може да се витка.

Ова е идеја за која се зборуваше претходните неколку години, а Самсун претстави неколку прототипови, меѓу кои најпознат е Youm. „Виткачките“ екрани јаскокотнаа фантазијата на вљубениците во технологијата, но годините поминуваа, а изгледа како се ќе остане само на прототип.

Од Самсунг најавуваат дека го планираат на почетокот на 2018, но дека имаат проблеми кои прво сакаат да ги решат. Пред тоа секако можеме да го очекуваме Samsung Galaxy S9.

faktor.mk

GOLD
SN Finansii
To Top